• Latest

Кога антиваксерите ќе стивнат

January 2, 2022

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Кога антиваксерите ќе стивнат

January 2, 2022 12:26
in КОВИД-19, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

За жал, и предходната година помина во знакот на Ковид пандемијата. Покрај борбата на СЗО, владите и здравствените работници за сузбивање на пандемијата, вакцинацијата, ковид пропусниците, локдауните, рестрикциите, (не)носењето маски, појавата на новите соеви на вирусот, како нус појава се забележаа и антиваксерските движења, протести и нивното „откровение“ на теориите на заговор.

На антивакесерството, кое зема замав особено на стариот континент, не останаа имуни ниту локалните Фејсбук експерти за прашањата поврзани со ковид пандемијата, вакцините, вакцинацијата, и најново, човековите права поврзани со анти ковид серификатите.

Најчестиот облик на делување на локалните антиваксери се објавите и споделувањата на дезинформации, лажни вести и говор на омраза, поврзани со вакцинацијата, на социјалните мрежи преку нивните Фејсбук и твитер  профили . Тоа , и неколкуте антиваксерски протести во обид, кои за кратко време се распрснаа како меур од сапуница.

Првиот, а од сегашна перспектива и најмасовниот „спонтан“ антиваксерски протест во обид се случи на 15 август. Со позната иконографија, развеани знамиња на Вергина, поголема група граѓанки и граѓани, вечерта (15 август) одржа протест од 19 до нешто пред 21 часот, против дополнителните мерки за заштита од Ковид-19, кои во сила стапуваа утредента (16 август). Протестот започна пред парламентот, а заврши пред владата. На протестот учествуваа и сопственици и менаџери на угостителски објекти. Нејасно е кој точно е организатор на овие „спонтани“ протести, а нејасна беше и агендата. Од снимките во живо можеше да се забележи дека најголем дел од учесниците во протестот не се придржуваат кон мерките за претпазливост од Ковид-19.

Најчесто повторуваните пораки на протестот и транспарентите беа „Стоп за присилната вакцинација“, „Мое тело мој избор“, „Господ е со нас“, „Стоп вакцини, стоп фашизам“, но не изостана ни скандирањето „Никогаш Северна, само Македонија“. Во говорите и во паролите се бележи и говор на омразата, закани, навреди и вулгарен речник.

Сите заедно многу говореа за светскиот заговор, дека дојде времето да се спротивстават на светските моќници и дека заканата од вирусот не е вистинска. На крајот на протестот, пред владата, дел од учесниците ги запалија маските и беше најавен нов , уште помасовен протест.

На наредниот,  помпезно најавуван нов, масовен протест, на кој присуствуваа едвај стотина демонстранти, се случи тотално фијаско, тепачки за микрофонот и меѓусебни навреди од говорниците. Откако не можеа да се договорат кој да се обрати од говорницата, како што може да се виде и од снимката на А1 он, една од демонстрантките се качи на бината и се обиде да му се доближи на првиот говорник на протестот, кој себе се претстави како поранешен воен разузнавач, по што тој агресивно ја истурка од бината, а останатите присутни и дофрлаа погрдни зборови. Еден од најекспонираните демонстранти, кој не сакаше да го отстапи микрофонот на други говорници,  кажа дека не е задоволен од одзивот на денешниот протест и најави поголем протест во недела, на кој ќе присуствувале 20 илјади граѓани.

И, тука се случува еден своевиден парадокс. Со интензивирањето на говорот на омраза и навредите од страна на антиваксерите преку социјалните мрежи и на протести, упатени кон вакцинирањето, вакцинираните, докторите, министерот, Владата, во исто време се зголемува бројот на вакцинирани лица во земјава. Дали антиваксерите, ненамерно, се ставија во служба на имунизацијата?

Можеби здравствените служби во земјава треба да им заблагодарат на антиваксерите за зголемениот интерес за вакцинација кај населението и зголемениот број на вакцинирани.

Ништо од најавуваната масовност не видовме ниту на третиот антиваксерски протест, што се одржа пред Владата. Напротив. Антиваксерите се броеја на прсти, а протестот се претвори во целосен дебакл. За разлика од претходниот, кој изобилуваше со траги-комични ситуации, борба за микрофон и меѓусебни препукувања, вчерашниот протест помина во театарска атмосфера и со многу мал број на луѓе, едвај околу 100 тина.

Две, три свирчиња и една сирена, срамежливи извици „УА“ и неколку дечиња кои весело трчкаа меѓу малкутемина протестирачи пред Владата на РСМ. Без транспаренти, без страсните говорници кои до вчера водеа борба кој ќе дојде побргу до микрофонот, собирот повеќе наликуваше на маалска дружба или состанок на куќен совет на малку поголема зграда. Од минута во минута, и така малата насобрана група антиваксери полека се осипуваше.

Хронолошки гледано, со секој нов протест бројот на присутни антиваксери се намалуваше, и антиваксерскиот протестен балон издиша како дупнат со игла.

Драган Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ