• Latest

Кога мечката ќе ви заигра пред врата, сетете се на вашиот молк

June 21, 2016
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Кога мечката ќе ви заигра пред врата, сетете се на вашиот молк

June 21, 2016 13:51
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера, новинарот Томислав Кежаровски беше повикан на информативен разговор, поради „боење на објект“. Човекот по кого станавме „препознатливи“ во меѓународната политичка и медиумска заедница, жртвата на режимот и неговото брутално справување со слободните медиуми и новинари, повторно мораше да се соочи со неговите џелати.  И повторно, за него нема вест на ниту една телевизија на македонски јазик.  И повторно, освен на неколку критички портали на интернет – молк.

petrit-saracini-500x500-1-1-200x200
Пишува: Петрит Сарачини

Дури, за Кежо вчера пред полициска станица имало и камера на една, демек, независна телевизија, но немало прилог на нивните вести. Сигурно имало други, побитни работи на агендата.

Слично беше и пред неколку дена, околу инцидентот со ТВ 21 и обезбедувањето на Груевски кое влезе без налог во дворот на телевизијата и му нареди на новинарот да ги избрише снимките од епизодата “Пастирот сам без обезбедување меѓу народот“, веројатно поради нивната „неспонтаност“, односно, поради тоа што не биле снимени од вистинските „курирски“ професионалци кои се задолжени да го следат во чекор Пастирот и да ја докажуваат љубовта која народот ја има кон него. Со таа разлика што за инцидентот известија неколкуте телевизии на албански јазик и интернет – порталите.

Ете, и низ овие примери гледаме колку секој ден, во секој поглед, напредуваме и грабиме кон медиумските реформи. Со крупни чекори.

Е, па, да си знаете, драги колеги, особено сите вие кои се декларирате како борци за слобода на професијата, а не го демонстрирате тоа и во вашата работа и содржините кои ги произведувате: сé додека солидарноста меѓу новинарите и медиумите е на ова ниво, нема слободни медиуми и новинари. Затоа што сте разединети.

И, тука не мислам на поделеноста помеѓу новинарите и медиумските слуги на власта, тие и онака не се новинари, туку пропагандисти на политичките и економските центри на моќ, заштитени мечки, за кои и со кои не треба да се разговара во контекст на новинарството и на слободата на медиумите. Мислам на вас, луѓе кои сé уште работат во рамки на стандардите, но паѓаат на еден од најважните испити на новинарската етика.

Утре, кога мечката ќе заигра и на ваша врата, а ќе игра бидејќи сте разединети, сетете се на мигот кога сте молчеле за сите бруталности и притисоци врз вашите колеги. Сетете се на вашиот молк.

Tags: властМакедонијаМедиумителевизијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ