Дали треба да има предвремени избори и зошто беше прашањето што ЦИВИЛ Медиа го постави на граѓанките и граѓаните во Скопје.
Некои сметаа дека многу пари ќе се потрошат, а нема потреба. Некои дека независно дали ќе има или не, зависи од политичарите, а не од граѓаните. Дел од анкетираните граѓанки и граѓани, пак, сметаа дека треба да има избори.
„Мислам дека не треба. Само трошење пари, друго ништо нема да се измени, пак ќе биде исто“, рече една од соговорничките.
„Мислам дека треба да има избори затоа што ваква ситуација каква што е „пата – пата“ не одговара за никого во Македонија. Мора да се расчистат некои работи, а не верувам дека во Собрание ќе биде решението“, одговори друга граѓанка.
„Ништо нема да се промени додека нема воена рамнотежа во светот. НАТО е монопол и ние сме уценети“, „Ништо нема да добиеме со предвремените избори“… се исто така дел од одговорите.
„Вака веќе не оди… Кога не можат да најдат заеднички јазик, поарно пак нека излезат на избори, па да видиме народот што ќе каже, кога веќе не ги признаваат резултатите. Јас искрено не излегов да гласам“, објасни една од граѓанките.
Ангела Петровска
Камера: Ариан Мехмети