Министрите за одбрана на НАТО се состануваат во Брисел оваа недела (14-15 февруари 2023 година) да постигнат договори за зајакнување на одбраната на Алијансата, како и да ја засилат поддршката за Украина.
Во пресрет на министерскиот состанок, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, одржа прес конференција (13 февруари 2023 година), на која ја истакна итноста за испорака на клучните капацитети на Украина пред Русија да ја преземе иницијативата на бојното поле.
Столтенберг упати цврсти и недвосмислени пораки од говорницата во медиумскиот центар во седиштето на НАТО во Брисел, во присуство на новинарски екипи од целиот свет, вклучувајќи ги и редакциите на ЦИВИЛ Медиа, ТВ Сител и Фокус.
Во неговото експозе од 14 минути, генсекот на НАТО соопшти дека НАТО ѝ дава максимална поддршка на Украина, што ќе биде и клучна тема на министерскиот состанок. Ова се трите главни поенти од излагањето на Столтенберг:
-
Путин не се подготвува за мир. Тој започнува нови офанзиви.
-
НАТО не смее да дозволи агресијата да биде наградена, бидејќи тоа би го направило светот далеку поопасно место за живеење.
-
Нашата порака е јасна – НАТО стои со Украина! Колку што е потребно!
(ВИДЕО) Столтенберг: Нашата порака е јасна – НАТО стои со Украина! Колку што е потребно!