• Latest

Кој, како и зошто треба да одлучува за платеното политичко рекламирање

February 21, 2020

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Кој, како и зошто треба да одлучува за платеното политичко рекламирање

нешто не штима во целата организација и начинот на кој се направени измените за платеното политичко рекламирање. Први реагираа телевизиите. Според нив, цената не смее да се ограничува. Според граѓанскиот сектор – независно од начинот на определба на цените за платено политичко рекламирање, парите не смеат да се одвојуваат од буџетот на граѓаните, односно на државата.

February 21, 2020 18:41
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Вечерва на полноќ истекува рокот за доставување ценовници за платено политичко рекламирање на медиумите за претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април.

ДИК во неколку наврати ги предупреди медиумите да го почитуваат рокот и да не ја надминат просечно постигнатата цена и најниска цена за платено политичко рекламирање од медиумите во последните пет изборни циклуси, согласно последните измени во Изборниот законик. Уште едно предупредување од ДИК – ценовниците не смеат да се менуваат до конечно завршување на изборниот процес, а до завршувањето на кампањата тие се должни двапати јавно да ги објават.

Сепак, нешто не штима во целата организација и начинот на кој се направени измените за платеното политичко рекламирање. Први реагираа телевизиите. Според нив, цената не смее да се ограничува. Според граѓанскиот сектор – независно од начинот на определба на цените за платено политичко рекламирање, парите не смеат да се одвојуваат од буџетот на граѓаните, односно на државата.

Истовремено, како за претседателските избори минатата година, така и за овие, сè уште преовладува ставот дека во описот на работата на ДИК, не би требало да биде распределбата и исплатата на средствата за медиумското рекламирање на учесниците во изборите. Од ДИК секогаш се на ставот дека тоа не е проблем за нив, ако законот тоа го налага тоа, тие ќе ги исполнат обврските, иако се согласуваат дека надлежноста за одредување на ценовниците треба да ги прави некој што добро ја познава медиумската тематика.

Роковите течат, измените во Изборниот законик се направија според препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а на ДИК ѝ останува доследно да ги спроведе и како знае, во ограничениот временски прозорец, да се прилагоди на новите измени.

Клучна за ДИК ќе биде соработката со другите институции како Антикорупциска (ДКСК), Државниот завод за ревизија, Министерството за информатичко општество и администрација, МВР, МНР, а со новите измени и со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за медиуми (АВМУ), но најмногу од сè, со граѓанките и граѓаните. Особено, кога на ред ќе дојде јавниот увид во Избирачкиот список.

И да не се заборави. Можеби ДИК ќе нема некоја клучна улога во политичкото финансирање на партиите, но секако фокусот ќе биде насочен кон финансиските извештаи на политичките партии и изборната корупција. Ако ништо друго, добро за ДИК ќе биде да остане транспарентна, отворена и флексибилна институција барем во односите што ги гради со граѓанските здруженија што ќе го мониторираат и овој сегмент од изборите и со Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси.

Биљана Јордановска

Tags: ДИКизбориМедиумирекламирање
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ