„Критиката на образовните политики и отпорот кон она што се обиде актуелната министерка да го воведе како новитет, го ставив во јукста позиција на авторитарниот начин на размислување, во делот на администрирање, управување и креирање јавни политики кој е доминантен и кај ЕУ членките, и кај оние што аспирираат за ЕУ членство, во некогашна источна Европа. Ова го зборувам од аспект на некој којшто е филозоф и се занимава и работи како професор на студии на политики кои се интердисциплинарна област, и секако тука се дозволува простор од филозофски приод.“, вели проф. д-р. Катерина Колозова, која го елаборираше својот поглед на темата политизирање во образованието на панелот на ЦИВИЛ „Деполитизација на училиштата“.
Колозова се осврна на заробеноста на државата во смисла на авторитарната контрола за коешто таа има пишувано во своите трудови.
„Со промената на власта, институтот во којшто работам, бидејќи тогаш се занимававме со анализата на заробувањето на државата, откако се промени власта, се занимававме со одзаробувањето на државата. Заклучивме дека и покрај тоа што се менува климата, во смисла на зголемена слобода на изразување и општа демократизација на климата или атмосферата, во делот на управување, во нај техничка смисла на зборот, нештата не се поместуваат којзнае колку. Постои привид, за којшто се чини дека и новата власт остана слепа, а тоа е дека администрирањето, политиките во институциите коишто се навидум неидеолошки, или над идеолошки, дека тоа е прашање на обична техника, и дека тие техники на управување не се оптоварени со идеологија. И дека вгнезденоста на авторитарниот резон која што ја изведе сосема вешто апаратот на Никола Груевски претходно, во самите детали на администрирање на кое било подрачје во општеството, тоа нешто остана во системот, од образовните политики до други секторски политики, вели меѓу другото Колозова.
Дијана Тахири
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети