• Latest

Конференција: Потребни се повеќе жени на раководни места во енергетиката

June 4, 2018

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Конференција: Потребни се повеќе жени на раководни места во енергетиката

June 4, 2018 14:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Жените инженери иако како студенти покажуваат подобар успех потешко стасуват до раководни места во Македонија, особено во енергетскиот сектор. Затоа е потребно тие да се мотивираат да бидат поупорни во обидите да се вклучат во оваа традиционално машка професија, беше речено на денешната Втора меѓународна конференција „Жени во енергетика 2018”.

Причините за ова, како што рече професор Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија, лежат во традиционалните бариери како формирање семејство, раѓање и одгледување деца, но и поради отвореното прашање дали можат да се снајдат во традиционално машка професија.

– Исто така, постои значителен јаз во однос на мажите и при заземање високи менаџерски позиции во енергетските компании. Затоа, на ваков начин сакаме да ги поттикнеме младите интелектуалки да продолжат со градење на својата кариера и по завршување на високото образование, да ги информираме и обучиме за најновите случувања во енергетиката и преку позитивни примери да ги мотивираме компаниите, се повеќе да ги отвораат своите врати и менаџерски позиции за жените, рече Спасевска.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека Владата и Министерството со кое таа раководи се подготвени да придонесат за трајни промени и да изградат општество кое ќе нуди еднакви можности за сите.

Наша цел, рече, е да реализираме активности кои ќе се однесуваат еднакво кон мажите и жените, но и да изградиме механизми кои ќе овозможат еднаков личен, општествен и професионален развој.

Вели дека без искористување на целосните капацитети на жените кои се над 50 проценти од популацијата, Македонија не може да смета на поголем економски раст и развој.

Според Царовска, треба да се работи и на намалување на јазот не само во пристапот до раководни позиции и не само во енергетиката, туку и на намалување на јзот во платите меѓу жените и мажите кој, како што рече, е поголем од 10 проценти.

Според Штефан Петер, организацијата на конференцијата по втор пат ја покажува волјата на организаторите да променат нешто и да бидат упорни во надминувањето на родовиот јаз во општеството, проблем, кој како што рече, не се бележи само во енергетскиот сектор и само во Македонија.

На конференцијата учествуваат експерти, претставници од универзитети, од бизнис заедницата, меѓународни и регионални организации, државни институции и професионални организации од 12 земји членки на Централно-европската иницијатива, кои работат во енергетскиот сектор.

(МИА)

Tags: Влада на Република МакедонијаеднаквостенергетикаконференцијаМила Царовска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ