Американскиот претставник Дејв Трот, копретседавач на двопартиската група во Конгресот за Македонија и македонските Американци, ја даде следната изјава, нагласувајќи ја неговата поддршка за народот на Македонија.
„Македонија е клучниот партнер за унапредување на напорите на САД за национална безбедност во целиот свет. Исто така, македонската дијаспора во Америка беше и сé уште е клучен дел од нашата заедница, со нејзиното учество во различноста и унапредувањето на целата наша нација. Наш заеднички интерес е суверена и силна Македонија. Ние мораме да ја поддржиме ваквата Македонија, наместо да го поткопуваме нашиот важен сојузник“, стои во изјавата на Трот.
Оваа изјава доаѓа како реакција на неодамнешната изјава на конгресменот Рорхбакер, дека Македонија не е држава и дека треба да се подели.