„Не е ни чудо што луѓето станаа лесни жртви на црната пропаганда. Никогаш порано не било поедноставно да се навлечат луѓето на црнила и параноја. Луѓето се исплашени и недоверливи, а и не сакаат да мислат. Како да се одвоени од себеси.
Затоа, не е тешко да се „регрутираат“ за да ја играат улогата на безимени и бесплатни курири на незнаењето и деструкцијата. Своевремено, советската пропаганда (веројатно Ленин) ги нарече „корисни идиоти“.“
Цитат од колумната „Ослободени од незнаењето“, од Џабир Дерала, објавено на 7 февруари, 2022.