Kористењето на службените возила за остварување на партиски цел не е новина во Крушево, а претпоставувам и во другите градови низ Македонија. Што прават службените возила на Јавното Претпријатие “Комуна” и новото службено возило на Општина Крушево, кое е купено пред една година, пред Штабот на ВМРО-ДПМНЕ, доцна навечер, се прашувам како граѓанин на Крушево, со чии пари се купени споменатите возила.
Како што може да се забележи од фотографиите, двете возила се паркирани надвор од работно време, пред Штабот на ВМРО-ДПМНЕ, каде сигурно вработените во овие институции кои управуваат со возилата, не вршат јавна фукнција за остварување на интересите на сите жители на Крушево.
Сотир Габеловски