• Latest
Аце Коцевски (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Коцевски: Не е проблемот во партиските вработувања, туку во некомпетентна администрација (2 дел)

August 28, 2019
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Коцевски: Не е проблемот во партиските вработувања, туку во некомпетентна администрација (2 дел)

Не е проблем што партиски се вработуваат. Доброто во нашето општество ќе дојде кога вработувањата ќе бидат според компетенции. Не е проблем што се вработуваат припадници на ВМРО или СДСМ, туку што се вработуваат некомпетентни луѓе. Па најмалку 30 отсто од вработените во јавната адмиистрација се неупотребливи, Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес

August 28, 2019 11:31
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Аце Коцевски (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Аце Коцевски (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

„Уште во кампањата гасификацијата ми беше еден од трите врвни приоритети. Формиравме јавно претпријатие и успешно го водиме процесот на планирање на гасоводот. Првиот крак веќе го завршивме. Но, ме разочарува фактот што централната власт не нè следи во овој проект. Централниот гасовод го заобиколи Велес, за да се приклучиме треба да се изгради крак Велес-Свети Николе со должина од 28 километри“, одговори градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на едно од прашањата на учесниците во семинарот на ЦИВИЛ „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“.

„За жал, општината ни е сиромашна, не сме во состојба да увезуваме компресиран гас, и ќе ја искористиме можноста што ја нуди законот на меѓународен тендер да избереме компанија која би го изградила и би управувала со гасоводот“, дополни Коцевски.

На прашањето како ќе се регулира паркирањето во Велес, Коцески истакна дека поголем проблем е гаражирањето, односно претворање на гаражите во продавници и тип на деловни објекти што се изнајмуваат под кирија, а автомобилите остануваат на улица и го блокираат сообраќајот.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ и Аце Коцевски, градоначалник на Велес, семинар „Транспарентност и одговорност“, 15 абгуст 2019/Фотографија: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

„Прв приоритет треба да ни бидат пешаците, па велосипедистите, трет приоритет треба да ни биде добро организираниот јавен превоз на еколошки горива и последен приоритет да бидат нашите приватни автомобили“, истакна Коцевски.

За проблемите во јавната администрација и партиското вработување, Коцевски истакна дека тоа е јавна тајна, а проблемот не во партијата од каде доаѓаат вработените, туку во нивната некомпетентност.

За проблемите во јавната администрација и партиското вработување, Коцевски истакна дека тоа е јавна тајна, а проблемот не во партијата од каде доаѓаат вработените, туку во нивната некомпетентност.

„Не е проблем што партиски се вработуваат. Доброто во нашето општество ќе дојде кога вработувањата ќе бидат според компетенции. Не е проблем што се вработуваат припадници на ВМРО или СДСМ, туку што се вработуваат некомпетентни луѓе. Па најмалку 30 отсто од вработените во јавната адмиистрација се неупотребливи. Ќе работиме на тоа да ги засилиме кадровските потенцијaли… Велес е меѓу општините со најмал број вработени, а со убедливо најмал од општините со слична големина. Благодарение на мојата политика која во СДСМ ја осудуваат, сметам дека администрацијата треба да биде мала, ефикасна, а парите за вработувања во администрацијата треба да се трошат на проекти за граѓаните. Вo подготовка сме и на нова веб-страница на општината, општината ќе биде уште потранспарентна“, истакна Коцевски.

На прашањето дали и како ќе се дислоцира згурата од велешката топилница, градоначалникот изрази загриженост да не се предизвика ново загадување.

„Во постапка сме на издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола за ископ и транспорт на згурата. Таа треба да се извезе во Малезија, ќе се ископува и со камиони ќе се носи на солунското пристаниште. Премиерот ме замоли да ја забрзаме постапката, но законот бара 30 дена за процедурата за издавање Б-интегрираната еколошка дозвола и уште 15 дена за да заврши постапката. Јас сум сериозно загрижен дека може да добиеме ново загадување. Постои опасност од ширење на загадување при копање на згурата.

Јас сум должен да обезбедам да ги исполнат сите услови за да добијат дозвола. Сè направивме за да им помогнеме, дури им дадовме и текст од Б-интегрирана еколошка дозвола од друга компанија за да им помогнеме и да им ја олесниме постапката. Подобро да ја конзервираме депонијата, отколку да дозволиме при копање да се направи поголемо загадување“, објасни Коцевски.

Биљана Јордановска
во соработка со Игор К. Илиевски
камера: Дехран Муратов
монтажа и фотографија: Биљана Јордановска


Семинарот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ е дел од истоимениот проект, финансиран од National Endowment for Democracy.

ЦИВИЛ во наредните денови ќе ги објави и последниот дел од излагањето Билјана Ивановска, како и излагањето на градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Повеќе информации за семинарот „Транспарентност и одговорност во полтичките процеси“:

Семинар на ЦИВИЛ за транспарентноста, одговорноста и разочарувањата

Бранимир Јовановиќ за (не)одговорноста во спроведувањето на владините реформи (1 дел)

Јовановиќ: Каде згреши оваа власт? (2 дел)

Бранимир Јовановиќ за можните излези од политичката криза (3 дел)

Ивановска, ДКСК, за транспарентноста и одговорноста во борбата против корупцијата (1 дел)

Првата антикорупционерка, Ивановска, отворено за борбата со непотизмот, независноста на ДКСК и други горливи прашања (2)

Ивановска: Привилегиите се политичка корупција! (3)

Коцевски: Велес стана неформална светска престолнина на лажните вести (1 дел)


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share369TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ