• Latest

Коцевски: Велес стана неформална светска престолнина на лажните вести (1 дел)

August 27, 2019

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Коцевски: Велес стана неформална светска престолнина на лажните вести (1 дел)

Велес беше пример за општина, но тоа време помина, не можеме да живееме на тие ловорики, туку треба да ги следиме најновите трендови... - вели Аце Коцевски, градоначалник на Велес

August 27, 2019 12:35
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, беше еден од говорниците на семинарот на ЦИВИЛ „Транспарентност и одговорност во полтичките процеси“. Коцевски пред своите сограѓани зборуваше за партерството  и соработката на локалната самоуправа со граѓанскиот сектор и зедничкиот придонес кон подобри услови за живеење на сите жители во општината. Градоначалникот во првиот дел од своето излагање се фокусираше тоа партерство да го презентира преку транспарентните и одговорни политики на локлано ниво, чиј двигател е самиот.

„Вистинска демократија во општеството не може да има доколку нема развиен граѓански сектор. Сметам дека тоа е одраз на степенот на развој и политичката зрелост на едно општество. Граѓанскиот сектор е мост меѓу граѓаните и институциите, тој треба да изврши силен притисок врз донесувањето и спроведувањето на прописите. Во ова време кога имаме силна деградација на системот на вредности во општеството мислам дека е многу важно како ќе се однесуваат граѓанските организации во интерес на граѓаните за да добиеме општество во кое нема да зависи кој од која партија е, туку да добиеме општество засновано на вредности“, истакна Коцески потенцирајќи дека во минатото кога бил градоначалник општината била репер за тоа како треба да се соработува со граѓанските организации.

Аце Коцевски на семинарот на ЦИВИЛ „Транспарентност и одговорност“, 15 август 2019, Велес/Фотографија: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

„Велес беше пример за општина, но тоа време помина, не можеме да живееме на тие ловорики, туку треба да ги следиме најновите трендови… За жал, времињата малку се изменија, Велес е во некоја чудна состојба, заедно со Скопје и Куманово беше еден од најразвиените индустриски градови во Македонија, но денес стана препознатлив по многу лоши работи. Стана неформална светска престолнина на лажните вести, пред тоа бевме познати по загадувањето. Колапсот на големите стопански фирми го направи своето, тоа се одразува и на буџетот на општината … Останаа само владиката и повардарската епархија. Тоа што сум им го рекол на граѓаните во изборната кампања ќе остане мој приоритет – Велес да биде општина со нула корупција. Ја наследив општината со долгови од скоро три милиони и решив да вратам голем дел од тоа, а тоа скапо ме чини. Работиме чесно, принципиелно и одговорно и да дадеме максимум од возможното“, изјави Коцевски.

Во однос на транспарентноста и отчетноста пред граѓанките и граѓаните Коцески истакна дека секоја година се прави извештај за работа на општината, буџетити, информациите од работата на Советот, со цел што поголем број на граѓанки и граѓани да дознаат и да се инволвираат во работата на локалната самоуправа.

Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес: „Велес стана неформална светска престолнина на лажните вести, пред тоа бевме познати по загадувањето. Колапсот на големите стопански фирми го направи своето, тоа се одразува и на буџетот на општината… Останаа само владиката и повардарската епархија.“ /Фотографија: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

„Соработката со граѓанските организации беше на високо ниво, ние бевме пример како тоа треба да се прави. Тогаш направивме многу и со реконструкцијата на една барака која ја нарековме Дом на невладини организации. Откако ја добивме битката со Топилницата добивме спласнување на активноста на граѓанските организации. Сега времињата се сменија, како се прилагодуваме ние ќе треба и вие да се прилагодувате. Се отвораат можности за аплицирање за проекти од ЕУ, се бараат квалитетни проекти, затоа ќе мора да инвестира во човечки ресурси, во мрежување, во квалитетна подготовка на проектите“,рече Коцевски.

„Ние имаме една парадоксална ситуација, имаме толкав број невработени, а имаме сериозен недостиг од квалификувана работна сила. Ние во општината го чувствуваме недостигот од квалитетни кадри. Сериозно ни се трансформира општеството, а имам чувство дека ние не сме спремни да се прилагодиме. Ние во моментов немаме градежен инспектор, а дивоградби никнуваат на секој чекор. За мене е многу важна соработката, партнерството со граѓанските организации затоа што од тоа може да произлезе подобрување на квалитетот за граѓаните и демократизација на процесите“, објасни Коцевски давајќи една поширока слика за состојбата на Велес.

Биљана Јордановска
во соработка со Игор К. Илиевски
камера: Дехран Муратов
монтажа и фотографија: Биљана Јордановска


Семинарот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ е дел од истоимениот проект, финансиран од National Endowment for Democracy.

ЦИВИЛ во наредните денови ќе ги објави и последниот дел од излагањето Билјана Ивановска, како и излагањето на градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Повеќе информации за семинарот „Транспарентност и одговорност во полтичките процеси“:

Семинар на ЦИВИЛ за транспарентноста, одговорноста и разочарувањата

Бранимир Јовановиќ за (не)одговорноста во спроведувањето на владините реформи (1 дел)

Јовановиќ: Каде згреши оваа власт? (2 дел)

Бранимир Јовановиќ за можните излези од политичката криза (3 дел)

Ивановска, ДКСК, за транспарентноста и одговорноста во борбата против корупцијата (1 дел)

Првата антикорупционерка, Ивановска, отворено за борбата со непотизмот, независноста на ДКСК и други горливи прашања (2)

Ивановска: Привилегиите се политичка корупција! (3)


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share205TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ