• Latest

Ковачевски: Разговорите со АА продолжуваат, доколку се усогласиме по клучните принципи можно е проширување на владиното мнозинство

November 21, 2022

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Разговорите со АА продолжуваат, доколку се усогласиме по клучните принципи можно е проширување на владиното мнозинство

November 21, 2022 12:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Разговорите со Алијанса за Албанците во контекст на европската иднина на земјата ќе продолжат и доколку се усогласиме по клучните принципи може да се случи проширување на владиното мнозинство, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека се разговара со АА и за нивен евентуален влез во владината коалиција, Ковачевски изјави дека одговорот на Ахмети не се разликува од одговорот кој што тој веќе го дал по средбата во петокот со Таравари.

„Одговорот што го даде претеседателот на ДУИ, Али Ахмети не се разликува многу од одговорот којшто јас го дадов, од причина што јас кажав дека со партијата Алијанса за Албанците особено со нејзиниот вд претседател Арбен Таравари, разговарав за европската иднина на државата и сите одлуки коишто треба да се носат. Исто така, кажав дека нашата владина коалиција е отворена за сите политички партии коишто ја делат таа визија и дополнително кажав дека разговаравме конкретно и за сите оние закони  и реформи коишто се однесуваат на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, и економските политики, односно антикризните мерки за справување со оваа огромна економска и енергетска криза во којашто се наоѓа и земјата и Европа“, рече премиерот Ковачевски. 

Тој при тоа додаде дека не се разговарало конкретно за ресори и оти разговорите ќе продолжат.

„Но, секако дека разговорите ќе продолжат и доколку се усогласиме комплетно на овие основни принципи за иднината на државата, а во тоа не се сомневам, бидејќи Алијанса за Албанците секогаш и во изминатиот период покажа дека ги поддржуваше сите одлуки коишто се однесуваат за европската иднина на државата, така и другите законски решенија што беа предложени, сметам дека во иднина доколку разговорите продолжат во добра волја и во позитивен дух како до сега, може да се случи и проширување на владиното мнозинство“, подвлече Ковачевски.  

Во контекст на изјавата на Таравари дека АА во овие разговори има свои црвени линии, и дали тие се пречка за да продолжат консултациите, Ковачевски рече дека во секои разговори и преговори, нормално е секој од учесниците да има минимум услови кои мора да бидат исполнети.

За тоа дали разговарале со коалицискиот партнер Алтернатива според која владиното мнозинство е стабилно и нема потреба од негово проширување, Ковачевски се согласи дека Владата е стабилна, со 64 пратеници што се потврдило со изборот на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа и на двајцата уставни судии. Кажа дека со дел од коалициските партнери, секојдневно комуницира на одреден распоред, како и со министрите од Алтернатива, но дека се уште тоа не било тема на разговор со нив.

„Не сме разговарале, меѓутоа мислам дека доколку сите сме определени за продолжување непречено на патот на државата во европските интеграции, тогаш мислам дека лесно ќе ги постигнеме сите согласности“, смета Ковачевски.

Tags: Алијанса за АлбанцитеАхметиинтеграциикоалицииКовачевски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ