• Latest

Ковачевски: Шпекулациите се покажаа како невистинити и неточни, граѓаните имаа сигурно и стабилно снабдување со струја и топлина

April 6, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Шпекулациите се покажаа како невистинити и неточни, граѓаните имаа сигурно и стабилно снабдување со струја и топлина

April 6, 2023 18:14
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатата година се соочивме со најтешката зима и со предизвикот да менаџираме две кризи – кризата со електрична енергија и кризата со топлинска енергија, за жал се соочивме и со разни шпекулации, црни сценарија и лажни вести од одредени структури во општеството и пред се политички партии кои се покажаа како невистинити и неточни. Граѓаните имаа сигурно и стабилно снабдување со струја и топлина, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Со многу напорна работа, посветеност и голем ангажман, можеме да кажеме дека успешно ја извршивме и ја вршиме нашата мисија во ова тешко време – сигурна електрична енергија и топлина за граѓаните, за институциите, за стопанството. Без ниту еден ден рестрикции, рече Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата на која се презентираше Годишниот финансиски извештај на АД ЕСМ за 2022 година.

Во услови на енергетска криза, како што нагласи, АД ЕСМ во период од 1 октомври 2022 до 31 март 2023 година имаше вкупно домашно производство од 2.696.000 мегават часови електрична енергија, односно 222.131 мегават часови повеќе, за разлика од истиот период во 2017 година, кога немаше енергетска криза.

-Планирано беше да се набави електрична енергија од 392.430 мегават часови во вредност од над 146 милиони евра, но АД ЕСМ заради зголеменото производство набави помалку, односно 175.750 мегават часови електрична енергија во вредност од околу 48 милиони евра, што е заштеда од скоро 98,5 милиони евра. Ова значи дека кризата ја претворивме во можност, посочи Ковачевски.

Во февруари годинава, како што кажа,споредено со февруари 2022 година, за 80 отсто е зголемено производство на струја од производствените погони на АД ЕСМ.

-ЕСМ на 12 февруари произведе и испорача во електро-енергетскиот систем скоро 23 илјади мегават часови електрична енергија. Ова е највисоко дневно производство во последните 10 години во државата, рече Ковачевски.

Истакна дека во услови на криза не се зголеми цената на електричната енергија за домаќинствата, а за 20 отсто се намали за малите потрошувачи, кои вработуваат 98 отсто од работниците во државата.

-Тоа е спротивно на сите прогнози кои доаѓаа од целиот свет и единствено е заради зголеменото производство на електрична енергија во АД ЕСМ. Тоа овозможи да обезбедиме евтина електрична енергија за производителите на основни прехранбени производи, за училиштата и да го стабилизираме снабдувањето со електрична енергија на основните функции на државата, пред се на здравствениот систем. Заради тоа и заради другите мерки кои ги презема Министерството за економија, во делот на цените, од октомври наваму имаме намалување на инфлацијата, потенцира Ковачевски.

 

 

Tags: Димитар Ковачевскиелектрична енергијаЕСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ