• Latest
Фото/ Миа

Ковачевски за средбата во Тирана: Го сметам за позитивен секој разговор за задржување на курсот на евроинтеграциите

January 11, 2023

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски за средбата во Тирана: Го сметам за позитивен секој разговор за задржување на курсот на евроинтеграциите

January 11, 2023 14:19
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Фото/ Миа

Фото/ Миа

Share on FacebookShare on Twitter

Секој разговор на човек докажан пријател и евроатлантист кој го има со политички чинители од нашата држава во насока на градење пријателство и добрососедство, во насока на задржување на курсот на европските интеграции за целиот регион, јас го сметам за позитивен и добредојден со оглед на тоа дека во нашиот регион постојат два концепти, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за синоќешната средба на премиерот на Албанија Еди Рама со претставници на партиите на Албанците во земјава.

Ковачевски вели дека едниот концепт го предводи тој, Рама и други премиери, а тој е европска интеграција на целиот регион, додека другиот концепт го предводат политичари кои сметаат дека овој регион не треба да биде интегриран во ЕУ. Премиерот Ковачевски, како што кажа тој и Рама, тоа го сметаат за погрешно, а тие политичари не понудиле алтернатива.

-Меѓутоа тие политичари никогаш не понудија ниту алтернатива ниту докази дека такво нешто може да функционира и дека може да го однесе регионот во подобар живот, рече премиерот.

Затоа, како што вели, пораките од состанокот во Тирана се токму во насока на евроинтеграциските процеси.

-Затоа сметам дека пораките што исто така беа испратени по состанокот од страна на лидерите кои беа во Тирана се токму во таа насока, а тоа е непречено одвивање на европските интеграции на Северна Македонија и нормално непречено одвивање на европските интеграции на Република Албанија со која, да не заборавиме, заедно ги отпочнавме пртеговорите со ЕУ, рече Ковачевски.

Премиерот на Албанија Еди Рама е докажан пријател на нашата држава, потенцира премиерот, посочувајќи исто така дека Рама е претседател на социјалидемократите во Албанија и е докажан евроатлантист, човек кој во секое свое излагање и работење секогаш се водел од принципот на интеграција на целиот балкански регион и особено Западен Балкан во НАТО и во ЕУ.

-Сите негови јавни изјави се насочени во таа насока. Втора работа што треба да се истакне е дека премиерот Рама и јас како претседател на нашата Влада, меѓутоа и како претседател на СДСМ сме дел од партијата на европски социјалисти во Брисел и исто така премиерот Рама ја имаше мојата целосна поддршка кога минатиот месец кога беше избран за потпретседател на Социјалистичката интернационала, како потпретседател на шпанскиот премиер Педро Санчез. И тој негов успех како премиер на Албанија јас го сметам како успех на целиот регион на Западен Балкан и исто така при изборот на госпоѓа Радмила Шекеринска како потпретседател на партијата на европските социјалисти, ние ја имавме поддршката од партијата на господинот Рама, рече Ковачевски кој денеска беше во посета на „Пекабеско“.

На неформалната вечера со албанскиот премиер Еди Рама синоќа во владината вила во Тирана  присуствуваа Али Ахмети од ДУИ, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Мендух Тачи, ДПА и Африм Гаши, Алтернатива. Од поканетите не присуствуваше само Билал Касами од Движењето БЕСА.

Со  Рама беа и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија Таулант Бала и генералниот секретар на партијата Дамијан Ѓикнури

 

 

 

 

Tags: Али АхметиАрбен ТаравариДимитар КовачевскиЕди РамаЗападен БалканСоцијалистичката интернационала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ