• Latest

Краске: Десничарската пропаганда ги става под притисок традиционалните демократии

July 28, 2021
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Краске: Десничарската пропаганда ги става под притисок традиционалните демократии

July 28, 2021 15:19
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Би сакала да се фокусирам на глобално ниво, но исто така и на новинарската перспектива. Имаме три главни столба на демократијата, законодавците, извршната власт и судството, а во идеална демократија имаме четврти столб, а тоа се медиумите.

Денес, секој може да ја внесе својата содржина – т.н. вести на Интернет. Имаме биполарност – професионално новинарство засновано на факти, но од друга страна, имаме проток на дезинформации и лажни вести. И овој тренд станува се повеќе и повеќе глобален. Луѓето веќе не веруваат во тоа што го обезбедуваат професионалните медиуми, тие ги добиваат своите информации од сомнителни извори, како што се Фејсбук и Инстаграм.“, појасни политичката аналитичарка Марион Краске.

„Би сакала да се фокусирам на три примери, бидејќи тие покажуваат како дезинформациите ги доведуваат во опасност демократиите.

Прво, темата за мигрантите. Ова го видовме во Германија во 2015/16 година кога имаше голем прилив на миграција. Десничарската пропагандна машинерија започна со дискредитација на мигрантите и владата. И покрај тоа што имавме нормализација на ситуацијата, десничарската пропаганда беше внесена на Интернет, а наративот беше дека има многу мигранти што ги доведува во опасност Германија, христијанството… Фактот дека на Германија и требаа работници не беше споменат, сепак. Како последица на тоа, гледаме дека јавниот дискурс е силно радикализиран; Краске“, посочува Краске.

Краске вели дека изборите во САД се еден од примерите за тоа како функционираат лаќните вести на глобално ниво.

„Вториот пример се изборите во САД во 2020 година, администрацијата на Трамп започна цунами од лажни вести во текот на 4 години од времето на г -дин Трамп во Белата куќа, но ова кулминираше со наративот за украдени избори по одржувањето на изборите. Напротив, имаше студија дека ова е еден од најбезбедните избори во историјата на Америка. Републиканската партија ги поддржуваше овие лажни вести и како последица видовме бура што се случи на 6 јануари кога екстремистите од десницата, но и обичните луѓе упаднаа во ридот Капитол. Ова беше јасен напад врз државните институции засновано врз погрешни наративи и повторно покажува како функционалната демократија е ставена под опасност само со употреба на погрешен наратив.

Така што, сајбер-криминалот е само еден аспект, ние исто така треба да се фокусираме и да размислиме за пропагандните машини што доаѓаат од луѓето на власт, особено во југоисточна Европа.“, вели таа.

„Пандемијата со Ковид-19, е уште еден пример за ширење дезинформации. Имавме тренд на поткопување на државните институции и здравствените експерти. Ова го видовме во Германија, Америка, Бразил, како светски тренд, но особено во земјите од Западен Балкан. На крајот, видовме две големи последици, негирање на пандемијата и негирање на опасностите од самиот вирус. Бевме соочени со теорија на заговор од каков било вид. Овие напади се прилично организирани. Некои од овие лажни вести доаѓаа и од Русија. Исто така, видовме ефект на дестабилизација.

Како заклучок, навистина мора да констатираме дека лажните вести стануваат се повеќе глобален предизвик. Затоа ни требаат глобални агенди, глобални мрежи, мора да ставиме знак прашалник пред моќниците. “, заклучува Краске.

„Мора јасно да кажеме дека ова е исто така проблем во ЕУ. Треба да се фокусираме и на медиумската писменост, образованието. Треба да создадеме мрежа во Југоисточна Европа, и ќе продолжиме со ова. Треба да создадеме мрежа на слободни медиуми. Се надеваме, ќе ни се придружите во воспоставувањето на оваа мрежа. Ова ќе помогне да се направи проблемот видлив, а потоа да се работи на контра мерки.“, порача Марион Краске, на конференцијата „Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“ во организација на ЦИВИЛ во соработка со Балкан форум  и членките на Платформата за граѓанско општество за демократија и човекови права (ПГО), што се одржа денеска, 28 јули, 2021.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ