• Latest
Добро утро со Орданоски

Краставата жаба ќе го лапне СЈО!

May 11, 2018

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Краставата жаба ќе го лапне СЈО!

May 11, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]„[/dropcap]Златниот рудник“ на македонската правна држава – Специјалното јавно обвинителство – е правосудна институција чија функционална перспектива мора да се обезбеди, доколку Македонија има намера да опстане како држава во која марифетлуците на политиката ќе треба барем на среден рок уште да бидат скротувани од правото. И тоа баш вакво СЈО какво што е денеска: робустно, одделено од останатиот обвинителски систем, со посебна зграда, со посебен буџет, со посебен закон и со статус на кој по малку му се завидува! Со свои прес-конференции, со свои обвинители и истражители, со свој возен парк, па дури и со извесна мала ароганција која повремено предизвикува контроверзи во јавноста.

Како и да земете, СЈО тоа и го заслужува. И покрај семожните опструкции и проблеми, институцијата, за неверојатно кратко време, самата се воспостави во столб на демократската и правната обнова на Македонија, надвор од сите очекувања на домашните политички, но и стручни кругови. Не е претерано да се тврди дека таа ја спаси самата идеја за можноста од демократија во земјава. Произведе завидно количество деликатни обвиненија за кои сите се сомневаа дека ќе успее да ги покрене, а судењата по нив се во полн ек. Адвокатите на одбраната главно се концентрирани на тоа како да ги одложат рочиштата, а обвинетите се трудат да останат присебни, иако им е јасно дека водата им е дојдена скоро па до нос.

Во средиштето на тој напор е некогаш анонимната, особено за пошироката јавност, гевгелиска обвинителка Катица Јанева, која стана препознатливо име во секое македонско семејство, како кога се разговара за драга роднина, некоја тетка од внатрешноста, на пример, на која ѝ паднала честа да ги наследи и чува семејните рецепти за торти и славски колачи. (Ами, да беше лесно да се направи „Васина торта“ и редовните обвинители ќе маткаа јајца секој ден!)

Затоа, идејата ваквото СЈО да се „претопи“ во постоечкиот обвинителски систем во земјава е веројатно најглупавото нешто што може да се направи во правосудните реформи во Македонија. Тоа е како да основате и да разработите работилница за одржување на ретки модели на мерцедес, а потоа, заради заштеда на тоалетна хартија, да ја интегрирате во големиот сервис за поправка на фиати и лади!

Дури, ми се чини како половичен и концептот што самото СЈО сега го предлага: ако веќе морало да ги „претопуваат“ како некакво посебно одделение во постоечкото Јавно обвинителство, барем да му се дадат ингеренции за водење на случаи од областа на тнр. „висока корупција“. Ништо од тоа нема да биде, како што се „прослави“ и своевремено надежно најавуваното Обвинителство за (наводно) гонење на организиран криминал – не, фала, имаме доволно искуство за тоа како „револуцијата ги јаде сопствените деца“! Ќе исчезнат како пареа над висока печка.

Смислата на едно СЈО е токму во извесната напнатост на односите со нормалното Обвинителство, бидејќи, ќе видите, нема да помине ни половина година, а културата на неказнивост на политичарите, долго негувана во нашата „зврлевистичка“ обвинителска фела, ќе го „проголта“ стекнатиот професионален кредит на СЈО како некоја крастава жаба што мези полноглавци од брегот на македонското правосудно мочуриште.

Но, сите знаеме дека опстанокот на ваквото СЈО зависи од најмалку две третини од гласовите во Собранието на Македонија. Бидејќи половина од составот на опозициската партија се клиенти на СЈО, тие би ја удавиле Катица во најблиската бара на паркингот зад собраниската зграда, а не па мандатот да ѝ го продолжуваат и прошируваат!

Додуша, да можат, би сакале тие да се испазарат со неа, ама за тоа што им го нуди законот ќе мора ем вина да признаат, ем пари да враќаат. А нив уште ги лаже паметот дека за „тие пари“ вреди и некоја година да се одлежи…


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: правдаСЈО
Share200TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ