• Latest

Кршење на работничките права во „Улици и патишта“?

July 29, 2016

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Кршење на работничките права во „Улици и патишта“?

July 29, 2016 13:57
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот во „Улици и патишта“, осум години го раководат истите лица, и покрај незадоволството на дел од вработените во ова јавно претпријатие. Како што ЦИВИЛ Медиа дознава од граѓанскиот новинар кој сакаше да остане анонимен, раководството на Синдикатот, ретко застанува зад правата на вработените, кои секојдневно се прекршуваат на најразлични начини. Вработените работат прекувремено, некогаш и по 18 часа, во близина на отворена цистерна со нафта, на високи температури…, наведуваат извори од ЈП на граѓанскиот новинар, тврдејќи дека се соочуваат и со уште многу други форми на прекршување на основните работнички права.

Извор: Граѓански новинар

„Кај нас веќе е нормално да имаме Синдикат кој не ги претставува нашите права, не се ни сеќаваме кога последен пат сме избирале раководни лица на синдикатот“, вели за ЦИВИЛ Медиа вработена во „Улици и патишта“, која сакаше да остане анонимна.

Што добиваат раководните лица во Синдикатот како благодарност, за тоа што не се на страната на оние кои треба да ги заштитуваат? На фотографијата која пристигна во ЦИВИЛ Медиа, меѓу другите, е и лицето З.Ц., вработен во Внатрешна контрола и член од синдикалното раководство, кој наводно, за приватното возило користел гориво на претпријатието. Дали тоа е еден од начините на кои се обезбедува синдикалниот молк?

13875034_10153965723623740_69181865_n_censored
Извор: Граѓански новинар

 

„Се случува од Синдикатот да дојдат и на груб начин, со повишен тон не предупредуваат да не одиме на протестите на СДСМ, затоа што наводно се насилни, туку да одиме на протестите организирани од владејачката ВМРО–ДПМНЕ. По едно од овие предупредувања, вработените ги избркаа претставниците на Синдикатот, затоа што не е нивна работа – кој оди на протест и каде, тоа е наше право“, ни изјави вработен во „Улици и патишта“.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Зоран Цветановски од Синдикатот на „Улици и патишта“, кој тврди дека обвинувањата се невистинити и дека моменталното раководство кое втор мандат е на оваа позиција, се бори за правата на вработените. Што се однесува на прашањето за легитимноста, без конкретен одговор – кога се одржале изборите, Цветановски вели дека избори имало, а дека нивниот мандат истекува наесен, кога треба да има нови избори. „Тие што обвинуваат дека не работиме добро, се блиски со директорот, и сакаа на нелегален начин да направат избори, затоа што ние им пречиме, дека ги штитиме правата на работниците, но таа идеја не им успеа“, вели Цветановски.

„Сме се расправале со директорот и со раководството за прекувремените часови, но ние сме таква фирма каде што мора да има прекувремени часоци, затоа што не може да се прекине се работата. Прекувремената работа им се плаќа на работниците“, ни одговори Цветановски за проблемот на кој се жалат вработените.

Во одбрана на Синдикатот, Цветановски посочи и дека „до минатата година, на вработените – како во комунизмот, два пати годишно им дававме батаци“.

Користењето на гориво во сопственост на претпријатието за приватни возила, Цветановски го објасни со возниот парк кој се наоѓал во катастрофална состојба, поради што вработените во Внатрешна контрола, за службени работи користат свои, приватни возила.

ЦИВИЛ Медиа побара и страв од Државениот инспекторат за труд, каде одговорните, очигледно, се уште не се влезени во 21 век, па прашањето за прекршувањето на работничките права, побараа да го испратиме по писмо, на кое ќе одговореле од 15 до 30 дена по пристигнувањето на писмото!

Марија Теговска


civiv-lenses-logo-en-copy-500x414Оваа содржина се објавува во рамките на јулскиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Tags: вработениМакедонијаПритисокработнички правасиндикатУлици и патиштаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ