• Latest

Културата е насловната страна на секое општество

July 5, 2018

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Културата е насловната страна на секое општество

July 5, 2018 15:19
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје не може да се пожали со недостаток на културни настани, дали се тоа изложби, музика, театар или филм, секогаш има нешто што може да се посети. 

Минатиот викенд по четврти пат се одржа Алтернативно Скопје, во Младинскиот Културен Центар, каде настапија повеќе млади и алтернативни бендови. Во разговор со организаторот на овој настан, Димитар Тодороски, за тоа каква е ситуацијата со просториите за алтернативната култура во Скопје, тој изјави дека МКЦ како институција ја третира онаа вистинска култура и дека работи со неверојатно темпо.

Во однос на моменталната музичка сцена, тој вели дека македонската алтернативна сцена има еден нов музички бран, и дека младите бендови почнуваат цврсто да се етаблираат на музичката сцена.

„Но и поискусните бендови не седат со заврзани раце, и тие творат. Некако почнуваме да наликуваме на нормално општество. Бидејќи и најголемите медиуми што речиси една декада беа неми, почнуваат да даваат простор за култура. Се надеваме дека со упорната работа ќе се постига уште поголем успех во наредните години. Зошто пред сè, културата е насловната страна, на секое општество“, вели Димитар.

За таа цел, одвојуваме некои културни настани кои ќе се одржат викендов во Скопје:

Вечерва во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток од 20 часот, ќе се отвори изложбата на Иван Ивановски, насловена „Симптоми“, и истата ќе биде отворена за посетителите до 17 јули.

„Симптоми“ е насловот на серија цртежи, слики и скулптури во кои Иван Ивановски го третира себството како темелно конструиран субјект, создаден и одржуван од мрежи на културни, историски, интелектуални и морални дискурси кои ги манифестираат односите на моќ во капиталистичкиот поредок.

Во Менада, во старата скопската чаршија, ќе се одржи промоција на 3 видео записи, со кои се заокружува видео приказната на „Соголи ме“, последниот студиски албум на Стринг форсис.

Во Че Кафе бар, вечерва со почеток од 22 часот, гостите ќе ги забавува Бојан Чакра, со звуците на фанк, свинг, соул, џез, блуз.

Sethstat и Fighting Windmills ќе настапат вечерва со почеток од 22 часот, во просторот Сули Ан, во рамките на фестивалот „Скопско Лето 2018“. Билетите за концертот може да ги набавите во Југотон Рекордс, по цена од 200 денари.

Вечерта ќе заврши со слушачката промоција на најновиот албум на Drake, насловен “Scorpion”, во клубот Епицентар.

Во петок, во рамките на фестивалот „Скопско Лето 2018“, ќе се одржи балетската претстава „Либертанго“ во Македонска Опера и Балет, со почеток од 20 часот.

Во 21 часот, во Јавна Соба, ќе се слушаат македонски шлагери, тема која се негува веќе некое време.

На полноќ, во клубот Епицентар, ќе настапат дџ-ите Bleak, а како локална поддршка ако локална поддршка ќе настапи Stojche. Влезот за овој настан е 300 денари.

На 7 јули, во сабота, во Јавна Соба, со свој дџ-сет ќе настапи Еми Ермилова, каде ќе има премиерно коктел забава по летна цена од 100 денари.

Во Капан Ан, во старата скопска чаршија, со почеток од 23 и 30 часот, издание на проектот Македонски психоделии, ќе се одржи транс-забава посветена на GMS. Ќе настапат дџ-ите Dare, Soundkillah, Humanoid, Reblock и Liquid Illusion. Влезот ќе чини 200 денари.

Ангела Петровска 

Tags: изложбаКУЛТУРАМКЦмузиканастани
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ