• Latest

Куманово: Наместо интеграција – дезинтеграција!

September 22, 2016
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Куманово: Наместо интеграција – дезинтеграција!

September 22, 2016 14:56
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Учениците кои учат во средните училишта во Куманово, се соочуваат со голем број проблеми поради условите во кои се одржува наставата. Паралелките на албански наставен јазик од гимназијата „Сами Фрашери“ и од средното техничко училиште „Наце Буѓони“, по одвојувањето од матичните училишта, денес работат во импровизирани простории. За условите во овие две училишта, пишува граѓанскиот новинар Зенел Мифтари, кој до пред само една година бил ученик во училиштето „Наце Буѓони“

3 (1)

Од 2004-та година, наставата во оваа гимназија се одвива во адаптирани простории во поранешната дирекција на ЗИК „Куманово“. И покрај сите ветувања за дислокација на гимназијата во простории кои ќе одговараат на потребите на учениците, тоа повеќе од 10 години не се случува.

2 (1)

Учениците се незадоволни со условите, при најмал дожд – од покривот тече вода и неретко и компјутерите им се расипуваат од протекувањата. Во тоалетите не е средена канализацијата, постојано се шири реа која е пречка да се одржува наставата.

1 (1)

Паралелките на албански јазик од средното техничко училиште „Наце Буѓони“, само импровизирано се поделени со гимназијата, и оттаму тврдат дека им недостасуваат услови за одржување на практичната настава за да бидат подготвени за понатамошното, високо образование, Тие потенцираат дека би сакале да ги имаат истите услови како нивните соученици-Македонци.

„Немаме спортска сала, ниту широк спортски терен. Немаме ни училишен двор, каде што можеме да се рекреираме за време на големиот одмор, затоа што училишниот објект е поставен (изграден) покрај булеварот“, велат учениците од овие средни училишта.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со раководителот на Секторот за образование во Општина Куманово, Жика Крстевски.

вгд

Жика Крстевски, Сектор за образование, Општина Куманово

„Овој проблем потекнува од пред повеќе од 10 години, кога место интеграција меѓу различните етнички заедници, се случи дезинтеграција и албанските паралелки се одвоија од матичните училишта, во импровизирани простории. Проблемот е реален, овие две училишта не ги исполнуваат основните стандарди за одржување на настава. Ние не бегаме од фактичката состојба, но според финансиите и надлежностите кои ги има локалната самоуправа, ние не можеме да обезбедиме дислокација на овие паралелки. Министерството за образование и наука ја има надлежноста и оттаму подолго време ветуваат дека албанските паралелки од овие училишта ќе се дислоцираат во касарната, но тоа сé уште не се случува“, вели Крстевски.

Текст и фото: Зенел Мифтари


civiv-lenses-logo-en-lf-500x414-500x414-1-200x166Оваа содржина се објавува во рамките на септемврискиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ – Центар за слобода, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Tags: албански паралелкиинтеграцијаКумановообразованиеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ