Унгарскиот премиер Виктор Орбан сака да ја претвори Европската унија во пазар за да ја уништи.
Ова го изјави поранешниот министер за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус, на платформата за социјалните мрежи „Икс“.
„ЕУ е принудена да се префрли од унија на вредности на пазар каде што правото на дејствување без правила може да се купи на сметка на тие вредности. Орбан нема да се промени. Неговата цел (или можеби туѓа задача? ) е да ја уништиме целата ЕУ. Мора да го запреме“, напиша дипломатот.
#EU is being forced to transfer from a union of values into a market where the right to act without the rules can be bought at the expense of those values. Orban is not going to change. His goal (or maybe someone else’s task?) is to ruin the entire EU. We must stop it.
— Linas Linkevicius (@LinkeviciusL) December 14, 2023
По повеќечасовни разговори лидерите на земјите-членки на Самитот на ЕУ во Брисел вчера попладнето беше донесена историска одлука Украина и Молдавија да ги почнат пристапните преговори за членство во ЕУ, откако предходно салата ја напушти унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Сепак, на состанокот на Европскиот совет, Орбан стави вето на издвојувањето на 50 милијарди евра од буџетот на ЕУ за помош на Украина, што го објави на социјалната мрежа Икс.
„Резиме на ноќната смена: вето за дополнителните пари за Украина, вето за прегледот на МФФ. Ќе се вратиме на прашањето следната година во EUCO по соодветна подготовка“, напиша Орбан.
Summary of the nightshift:
🚫 veto for the extra money to Ukraine,
🚫 veto for the MFF review.
We will come back to the issue next year in the #EUCO after proper preparation.— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) December 15, 2023
Д. Мишев