• Latest

Локвенец: Коридорот 8 е капитална инвестиција од геостратешки карактер

November 7, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Локвенец: Коридорот 8 е капитална инвестиција од геостратешки карактер

November 7, 2022 12:47
in ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за Фронтлajн, директорот на „Македонски железници Инфраструктура“,  Хари Локвенец,  говори за стратeшкиот Коридор 8, кој е од интерес за локалната економија, но и за геостратeшко поврзување на т.н. проект „Три мориња“, како и поврзување на три земји члeнки на НАТО.

Коментирајќи го предлог буџетот за идната година што го претстави министерот Фатмир Бесими. Локвенец вели дека железниците се една од приоритетните капитални инвестиции кои во вкупната предвидена сума од 800 милиони евра влегува со 250 милиони наменети пред се за патната но и за железничката инфраструктура од Коридорот 8.

„Во буџетот, во проекцијата, многу сериозно се зедоа железниците како една од инвестициите кои најмногу можат да придонесат индиректно кон развојот на локалната економија. Инвестициите во железницата се предвидливи и оваа Влада ги доведе во состојба да бидат предвидливи“, вели Локвенец.

Според проекциите 250 милиони евра се предвидени за патната и за железничката инфраструктура за Коридорот 8, но, како што коментира Хари Локвенец – „за мене најважно е што Владата покажува желба, волја но и активности во целост да ги финансира проектите во железницата. Тоа подразбира дека целосно ќе бидат финансирани изведените работи на веќе започнатите изведувачи за првата и втората фаза и ќе бидат финансирани почетокот на работите за третата најважната етапа“ додава Локвенец.

На прашањето колку европските пари помагаат за изградба на Коридорот 8 и дали тоа има врска со македонските аспирации за членство во Унијата како и почетокот на преговорите Локвенец со став:

„Сите ние како Македонци и како граѓани треба да се гордееме со последниот пример на грант средства кои ЕУ ги додели за МЖ односно за македонската држава поврзани со третата фаза со предвидена проектна вредност од 405 милиони евра, ние добивме во два наврати пред неколку години 61 милион евра од ЕУ и сега пред неколку месеци дополнителни импозантни 155 милиони евра грантовски, поклон, или вкупно 216 милиони евра што во релативни бројки како сооднос од проектираната вредност на проектот и грантовски средства тоа е повеќе од 50 %. Ако искуствено можеме да зборуваме дека досега немало земја кандидат за членство во ЕУ која во тој процес добила повеќе од 30% грант средства како дел од некој проект, тогаш сите ние можеме да бидеме не само задоволни и горди на нашето работење туку и на препознавањето од страна на ЕУ на искрена желба не само железниците туку целата држава да оди напред користејќи ги сите шанси од ЕУ“.

Правејќи споредба со вредноста и значењето на двата Коридори кои се вкрстуваат во нашата земја директорот на инфраструктура смета дека Владата пристапила рационално во пристапот кон инвестирање во двата, давајќи му предност на Коридорот 8 од две причини.

Коридорот 8 е остварлив за време на нашето пристапување кон ЕУ и затоа му дадовме приоритет, вели Локвенец, но како што објаснува, не само поради тоа туку поради разликата во цената на чинење која е драстична.

Имено, за Коридорот 8 добивме помош од 155 милиони евра европски грант додека за Коридорот 10 кој ќе чини околу 4 милијарди евра ќе мора да станеме земја членка што ќе ни овозможи многу поголем прилив на средства на кои сега немаме пристап, коментира директорот на инфраструктура на МЖ, Хари Локвенец во интервју за Фронтлајн.

Љубиша Николовски

Камера: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ