„Украинците не само што живеат во Република Чешка, туку значителен број од нив, скоро 170,000 од нив имаат веќе најдено работа на пазарот на труд во Чешка и се интегрираат добро во општеството. Исто така, има одреден број луѓе кои што студираат во чешките училишта, околу 50,000 ученици во основно и средно образование во Чешка Република. Исто така, има значителна воена помош која изнесува 3 милион американски долари. Но, како што реков претходно, оваа агресија не се сведува само на бројки.
Станува збор за тоа Европејците да си ги откријат вистинските чувства и во вистинскиот момент да им помогнат на оние кои што имаат потреба од помош, односно на Украинците. Слава на Украина.“
Цитат од говорот на Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва, на конференцијата „Украина: Година на Хероизмот“.