• Latest

Македонија и Словенија имаат потенцијал за размена од половина милијарда долари

April 4, 2018
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија и Словенија имаат потенцијал за размена од половина милијарда долари

April 4, 2018 13:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија и Словенија се пријателски земји кои имаат добри традиционални врски во сите области. Економската соработка, исто така, е традиционално добра и има многу голем потенцијал да се унапреди.

Ова го порачаа на денешниот Македонско-словенечки бизнис форум премиерите Зоран Заев и Миро Церар, нагласувајќи дека размената меѓу двете земји до 2020 може да достигне до половина милијарда долари.

– Пријателството се гради полека и постојано и затоа е важно меѓу Словенија и Македонија да го градиме секој ден преку сите области преку кои добро соработуваме, порача Церар.

Оцени дека има големи можности за проширување на соработката на планот на енергетиката, инфраструктрата, и во областа на прехранбената индустрија, металопреработувачката, туризмот…

Порача дека Словенија ќе продолжи да ја поддржува Македонија на патот на ЕУ и НАТО интеграцијата.

– Македонија го избра патот на евроитнеграции и откако ќе го реши прашањето на името и верувам дека е блиску до решавањето и дека ќе биде решено, рече Церар.

Премиерот Заев ги повика словенечките компании да ги искористат традиционалните врски кои можат да дадат придонес во развојот и унапредување на соработката.

– Верувам во потенцијалот кој досега не е искористен. Размената е до 300 милиони долари и таа расте со 10 до 15 проценти, но може да биде поголема и постојат повеќе можности за тоа, рече премиерот Заев.

Ги повика словенечките компании да учествуваат во тендерите што ќе следат во делот на патната инфраструктура каде се обезбедени големи средства, потоа во делот на пречистителни станици, изградба на регионални депонии и во делот на енергетиката.

Словенија е петта земја по инвестиции во Република Македонија.

Соња Шмуц од словенечката Стопанска комора оцени дека добрата економска соработка се гледа и во инвестициите.

– Ние сме еден од најголемите инвеститори во Македонија и кога Словенците доаѓаат тука тогаш и остануваат, а тоа е една голема порака, рече таа.

За претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески словенечките инвестиции се значајни во Македонија и тие придонесуваат за развој и раст на македонската економија.

Според него, Република Словенија е земјата која од осамостојувањето не ги напушти релациите со Македонија и оти тие се одржуваат во континуитет 30 години.


извор: МИА

Tags: економијаЗоран ЗаевинвестицииМакедонијаПремиерСловенијасоработка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ