• Latest

Македонија: Преглед на дневни настани (8 јуни 2016)

June 9, 2016

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија: Преглед на дневни настани (8 јуни 2016)

June 9, 2016 11:00
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија: Хајндл испорача три приоритети за Македонија || Левица ги поддржа барањата на Шарената револуција || Продолжува полицискиот притисок врз активистите || Протести на судската администрација || Шарената револуција го блокира сообраќајот во Скопје || и повеќе…

timeline logo 01 - C

Хајндл испорача три приоритети за Македонија

Screenshot 2016-06-08 19.43.46Специјалниот пратеник на германскиот министер за надворешни работи за Македонија, амбасадорот Јоханес Хајндл, испорача три приоритети со кои треба да се искористи позитивниот момент по целосното повлекување на аболицијата на претседателот на РМ, Ѓорге Иванов. Хајндл порача дека партиите треба да се договорат за датум на изборите и да ги исполнат условите за слободен и фер изборен натпревар, СЈО да работи без опструкции и слободно, а реформските приоритети од извештајот на Прибе да се спроведат без одлагање.

 Левица ги поддржа барањата на Шарената револуција

prilep-03052016-470x246Левица во официјално соопштени за јавноста ја истакнува потребата од целосно исполнување на барањата на Шарената револуција. “Нашите барања се сите седум барања на „Протестирам“. Сите тие мора да се исполнат за Македонија конечно да добие шанса да се врати во правилниот колосек. Не смееме да им дозволиме на елитите, зад затворени врати, да ни ја кројат судбината и резултатот од сето тоа повторно да бидат половични решенија како минатата година”, се вели во соопштението.

 Продолжува полицискиот притисок врз активистите

policija sekade pravda nikadeЕден од активистите на Шарената револуција во Прилеп е повикан во полициска станица на „информативен разговор“ по втор пат. „Повикан сум да дадам известување во врска со прекршок од чл. 191 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Впрочем, ова е само продолжување на приказната од пред две недели. По ист член од истиот закон, се обидуваат да ми припишат прекршок којшто не сум го сторил, како учесник во Шарената револуција и за начинот на којшто го демонстрирам моето демократско право на протест од политиките на власта. Тоа им го предочив и тогаш“, изјави Стеваноски за ЦИВИЛ Медиа.

Протести на судската администрација

Министерот за правда доби црвен картон од судската администрација со протестот кој се одржа на 8 јуни. Судските административци тргнаа од пред зградата на синдикатите кон парламентот, за потоа да се упатат кон Министерството за правда. Обезбедувањето на министерството не му дозволи на Генералниот секретар на УПОЗ Пеце Груевски да влезе во министерството да ги испорача барањата. Судската администрација побара оставка од министерот.

Шарената револуција го блокира сообраќајот во Скопје

DSCN8538Со порака испишана на крстосницата кај Соборниот храм: “Раскрстивме со вас – 18.06.2016!”, напладне започна блокирањето на сообраќајот во Скопје. Поддржувачите на Шарената револуција ги блокираа крстосниците кај Соборниот храм, кај Судската палата и кај Црвениот крст. Блокадите и протестите ќе продолжат до исполнување на барањата на Шарената револуција.

Избор од продукцијата на ЦИВИЛ Медиа

Не помагаат веќе „чадните завеси“! – колумна на Синиша Станковиќ за обидот на власта да дигне „чадна завеса“ со спектакуларни апсења на Економскиот факултет за да ја покрие штетата од јавноста која ја претрпе со целосното повлекување на аболицијата на осомничените од истрагата на Специјалното јавно обвинителство.

Граѓанското новинарство на барикадите на вистината и слободата – осврт на Џабир Дерала посветен на граѓанското новинарство.

Најави

Бори се против апатијата – обука за граѓанско новинарство (10:30-18 часот, настан од затворен карактер, учество само со одобрена апликација) и церемонија за доделување награди за граѓанско новинарство (18-19 часот, отворен за јавноста).


German Cooperation logo - CЦИВИЛ го објавува овој преглед на дневни настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

Tags: ВестиинформацииМакедонијаМедиумихроникаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ