• Latest

Македонија: Преглед на настани (07 јули 2016)

July 7, 2016

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (07 јули 2016)

July 7, 2016 22:32
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (07 јули 2016 година): Само 14 лица издржале законска казна за криминални дела поврзани со избори || Работните групи од ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на нова средба || Одложено судењето за случајот “Тортура” || Граѓанските активисти бараат место во преговорите ||  МВР го брани полицаецот што го искина знамето || Нови санкции од ЕУ за Македонија 

хв

Само 14 лица издржале законска казна за криминални дела поврзани со избори

Од преку 800 кривични пријави за криминални дела поврзани со изборите, со 165 обвиненија и со 131 пресуда, во затвор казната ја издржале само четириесетина лица, покажуваат статистиките од 2008 до 2015 година. Ваквиот тренд главно се должи на партизацијата на институциите, како и на амнестиите на претседателот Ѓорге Иванов. Секој шести осомничен за кривични дела поврзани со изборите бил осуден на првостепена судска инстанца, а секој трети (или 18-ти од осомничените), одлежал затворска казна, покажува истражувањето на БИРН. Бројките се однесуваат на периодот од 2008 до 2015 година, односно заклучно со последните одржани избори во 2014 година.

Работните групи од ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на нова средба

Работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА, имаа средба во резиденцијата на Европската Унија во Пржино.  Средбата доаѓа по вчерашната посета на германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл. Тој се сретна со лидерите на СДСМ, ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, и со партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ. Власта и опозицијата со различен став за тоа како поминала средбата. Владејачката коалиција оптимист дека има напредок во преговорите, додека пак за СДСМ нема поместување на позициите.

Одложено судењето за случајот “Тортура”

Алфите осомничени во случајот “Тортура”,  бараат детален увид во предметот кој СЈО го води против нив. Поради нивното барање распитот во Кривичен суд е одложен. Наместо денеска, шефот на алфите Ивица Анчевски Пуки и уште петмина негови колеги  ќе ќе бидат сослушани пред судија на претходна постапка, за една недела. За екс директорот на УБК Сашо Мијалков кој е осомничен дека го нарачал психичкото малтретирање врз  Бошкоски, СЈО не побара никакви мерки, оти не бил веќе на функција и немало опасност да ја повтори постапката.

Граѓанските активисти бараат место во преговорите

IMAG0682

88 граѓански организации, иницијативи, групи, движења и синдикати се обратија до меѓународната заедница и до најголемите партии, истакнувајќи ја неопходноста за директно учество на граѓанскиот сектор во преговорите за излез од кризата. Соопштението беше доставено до Комисијата на ЕУ, а ќе биде доставено и до политичките партии, потписници на Договорот од Пржино и до Амбасадата на САД. ЦИВИЛ – Центар за слобода, ја поддржува идејата и е една од 88-те организации, потписници на соопштението.

МВР го брани полицаецот што го искина знамето

13508957_989100881208381_1154451873058586841_n

За време на последниот протест на Шарената револуција дојде до инцидент на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, меѓу демонстрантите и припадниците на специјалната полиција. Еден од специјалците се обиде да го одземе македонското знаме од демонстрантите, при што знамето бешe искинато, што дополнително ги разгоре страстите.Од Министерството за внатрешни работи сметаат дека полицискиот службеник постапил во рамки на својата должност и дека знамето не го искинал намерно, туку сакал да го тргне од штитот на својот колега.

Нови санкции од ЕУ за Македонија 

lidija 3

По повод последните случувања со ИПА фондовите во Македонија, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Лидија Димова, пратеник од СДСМ, за последиците за македонската економија. Најновата информација е дека се работи за повеќе од 27 милиони евра, дополнително со Коридорот 8, цифрата ќе биде околу 100 милиони евра! Тоа се драматично многу средства. Како ќе влијае? Лошо ќе влијае од две битни причини. Прво, затоа што Македонија си дозволува да изгуби неповратни средства, смета Димова.


 

german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

Tags: МакедонијапрегледПреговорисудењеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ