• Latest

Македонија: Преглед на настани (23 јуни 2016)

June 24, 2016

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (23 јуни 2016)

June 24, 2016 09:47
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (23 јуни 2016 година): Јанкулоска и Грујевски на распит  || Би-Би-Си со сторија за СЈО  || Шекеринска со коментар за пресот на Ѓорге Иванов  || Состанок на Работната група за Избирачкиот список  || 430 евра казна за учесници во Шарената револуција  || Граѓаните мора да се вклучени во преговорите  || Прес на лидерот на СДСМ Зоран Заев

timeline

Јанкулоска и Грујевски на распит

13161761_960152067436596_3836334823399144803_o

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ексначалникот на Петтата управа Горан Грујевски,  и уште тројца вработени во Министерството за внатрешни работи, денеска се на распит во Кривичниот суд, за случајот “Тврдина”.  Судијаката Александра Поп Стефанија ќе ги сослушува осомничените, иако претходно ја спореше надлежноста на Специјалното Јавно обвинителство, за овој случај. За време на распитот на Јанкулоска, судијката Поп Стефанија примила барање од Специјалното обвинителство за нејзино изземање од предметот „Тврдина“ – соопштија од судот. Поради тоа, судијката ги прекинала сослушувањата на повиканите лица.

Би-Би-Си со сторија за СЈО

dsc_0044-600x300

Би-Би-Си со сторија за трите специјални обвинителки, со наслов „’Чарлиевите ангели’ кои се борат против вистинскиот криминал“. Во текстот пишува дека трите жени станаа страв за политичарите во Македонија, но и хероини на демонстрантите, кои, како што пишува Би-Би-Си, секој ден се собираат пред нивната канцеларија. Таа е една од најпознатите жени во Македонија, но до минатиот септември малкумина знаеја за Катица Јанева, јавен обвинител од Гевгелија, чија работа дотогаш се засновала главно на ситен криминал. Сега, таа е центарот на довербата во оваа турбулентна земја. Нејзината задача е да гони злоупотреба и корупција, произлезени од скандалот со прислушуваните материјали, пишува  Би-Би-Си.

Шекеринска со коментар за пресот на Ѓорге Иванов

13498097_989090954542707_9044123019861620085_o

Во изјава за ЦИВИЛ Медиа денеска во Скопје, потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, го оцени вчерашното обраќање на претседателот Иванов како згрозувачки лов на слободата, правото и еднаквоста на граѓаните. „Додека молчеше и седеше во кабинетот, луѓето се смееја, луѓето го критикуваа за неактивност, меѓутоа кога отвори уста, згрозеноста за ваквото сфаќање на политиката, на државата, не институциите, станува стандард“, оцени за ЦИВИЛ Медиа потпретседателката на СДСМ, Шекеринска.

Состанок на Работната група за Избирачкиот список

Државната изборна комисија  го одржа првиот состанок на Работната група за Избирачкиот список. На состанокот  присуствуваа претставници од институциите со кои соработува Државната изборна комисија,  и  четирите најголеми политички партии, Амбасадата на САД, Делегацијата на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ и ИФЕС. Исто така, на првиот состанок на Работната група  присуствуваа и претставници на граѓанските организации кои ја мониторираат работата на ДИК, и имаат акредитација за набљудување на изборите, ЦИВИЛ – Центар за слобода и МОСТ.

430 евра казна за учесници во Шарената револуција

13036580_1164145913618733_1442806794_o (1)

 

На тројцата активисти, учесници во протестите на Шарената револуција во Штип, на синоќешните информативни разговори кои траеле до 22,00 часот, им била изречена парична казна од 430 евра.  Како што за ЦИВИЛ Медиа, изјави Горан Трајков, еден од активистите, казните се поради прекршување на членот 27 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно за боење на улициите во Штип.

Граѓаните мора да се вклучени во преговорите

13466171_989100397875096_4878634922963646420_n

Опозицијата денес, преку пресот на Зоран Заев, јавно и јасно се согласи граѓаните да бидат активно вклучени во преговарачкиот процес и најави дека ќе дејствуваат граѓаните да бидат директни учесници во решението на кризата. На ред се да се изјаснат странските дипломати кои ги иницираат и организираат разговорите и преговорите и останатите политички партии кои досега седеа на пржинските маси, вели Марјан Забрчанец.

Прес на лидерот на СДСМ Зоран Заев

Untitled

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека спомнувањето на Армијата од претседателот Ѓорѓе Иванов е „сериозно и забегано“ и му порача „ни на крај памет да не му паѓа да го прави тоа“. „Граѓанската свест и активизам се нова вредност во Македонија. Прогонот врз активистите мора да прекине и да се слушне гласот. Ние ќе направиме сè што е во наша надлежост и тие да бидат дел од преговорите, и да учествуваат во решавањето на кризата. Борбата продолжува”, изјави Заев, кој најави дека опозицијата ќе го замрзне учеството во Собранието.


german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

Tags: МакедонијаПреговорипресСЈОЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ