• Latest

Македонија: Преглед на настани (27 јуни 2016)

June 28, 2016

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија: Преглед на настани (27 јуни 2016)

June 28, 2016 10:22
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (27 јуни 2016 година): Нова средба во Пржино || Шекеринска: Прво да се исполнат условите, па да се договори датум за избори || Судијката Александра Поп – Стефанија продолжува да биде надлежна за “Тврдина” || ДИК повторно го отвори Избирачкиот список || Нов протест на Шарената револуција || Новаковски: Клучно е ДИК да ја врати довербата кај граѓан(к)ите || По блокадата избран нов ректор на УКИМ

timeline logo 01 - C

Нова средба во Пржино

По десетина дена пауза, претставниците на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, денеска повторно седнаа на маса со претставниците на меѓународната заедница. Во резиденцијата на ЕУ во Пржино евроамбасадорот Аиво Орав и претставник на американската амбасада разговараа со претставниците на ВМРO-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на ДПА, Никола Тодоров, Радмила Шекеринска, Артан Груби и Имер Алиу, но според она што беше кусо изјавено од дел од преговарачите, не е постигнат некаков напредок.

Шекеринска: Прво да се исполнат условите, па да се договори датум за избори

13498097_989090954542707_9044123019861620085_o

„Прво мора да разговараме како ќе се исполнат условите за избори, па потоа да се договара датум за нив“, рече заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. изјави денеска по средбата на претставници на политичките партии со претставниците на ЕУ и САД. Шекеринска вели дека во СДСМ сметаат оти во Македонија може да има избори, и тоа во релативно кус период, избори кои би биле фер и демократски, а сега, на партиите им останува да покажат дали се навистина за фер и демократски избори, или само сакаат да глумат такви избори.

Судијката Александра Поп – Стефанија продолжува да биде надлежна за “Тврдина”

Кривичниот суд одлучи да не ја изземе судијката Александра Поп -Стефанија од случајот „Тврдина“ како што побара Специјалното јавно обвинителство. Во овој случај што го отвори СЈО една од осомничените е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Одлуката ја донел заменик претседателот на Судот, оти претседателот е на годишен одмор. Судијката го прекина распитот на Јакулоска, оти СЈО побара таа да биде изземена од случајот.
ДИК повторно го отвори Избирачкиот список

Screenshot (38)
По неколкумесечното мирување на сајтот на Избирачкиот список на ДИК, од денеска повторно може да се прелистува според живеалиште, односно, според адреса на живеење. Ова е алатката која им дозволи на многу граѓанки и граѓани да откријат „фантоми“ во своите домови и првично укажа на огромната бројка на фиктивни гласачи кои воопшто не постојат на тие адреси, а во некои случаи, дури ни адресите не постојат!

Нов протест на Шарената револуција

DSC_0468

Со транспарент  „Вистинските државници не им се закануваат на граѓаните”, започна денешниот протест на Шарената револуција. Шарените револуционери движејќи се кон Собранието, застанаа пред зградата на Министерството за правда, кое повторно го обфарбаа. На полицијата која ја штитеше зградата и извикуваа: “Вие ќе ги апсите!” и “Браните криминалци!”, со веќе познатиот слоган – “Шутка не ти бега, Никола!”.

За време на вчерашниот протест уапсени беа двајца активисти, Павле Богоевски и Сандра Спировска, кои по инфоративниот разговор беа пуштени.

Новаковски: Клучно е ДИК да ја врати довербата кај граѓан(к)ите!

novakovski-sandra-470x246

„До ноември може да се создадат услови за избори, меѓутоа клучниот проблем е кај Државната изборна комисија која не излегува со некои ставови и консензуси, а тоа создава забуна – да имаме поделби дали се создадени услови или не“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, поранешниот претседател на ДИК, правниот експерт Александар Новаковски. Според него, ДИК мора да ја врати довербата на граѓаните и да го прочисти Избирачкиот список.

По блокадата избран нов ректор на УКИМ

DSC_0376

Група студенти од повеќе младински организации и од Студентскиот пленум, се изборија за своето барање, четворица студенти да присуствуваат на седницата на Сенатот, на која треба да биде избран новиот ректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Никола Јанкуловски е избран за нов ректор на УКИМ. Тој на денешната седница на сенатот доби 43 гласа, додека неговиот противкандидат Ненад Новковски имаше само шест гласа. Јанкуловски е професор по предметот Хирургија на Медицинскиот факултет.


 

german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

 

Tags: МакедонијапрегледПротестректорСЈОЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ