• Latest

Македонија мора да стави крај на „организираната неодговорност“ и да воспостави единствен систем за вонредни состојби

February 28, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Македонија мора да стави крај на „организираната неодговорност“ и да воспостави единствен систем за вонредни состојби

February 28, 2026 16:52
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ИСТРАЖУВАЊА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЧЕТВРТИ ДЕЛ од трудот „Интегрална анализа на управување со ризици и вонредни состојби (2007–2025)“ — сеопфатен преглед на начините на кои државата во изминатите речиси две децении континуирано не успеала да воспостави функционален, интегриран систем за превенција, управување и одговор на кризи, вклучително големи пожари, поплави и други вонредни состојби.

ЛИНК до првиот дел | ЛИНК до вториот дел | ЛИНК до третиот дел

АЛЕКСАНДАР ИВАНОВ

Досега утврдивме дека катастрофата не е „судбина“, туку математички пресек на природната опасност и нашата ранливост. Видовме дека постоечката „агенција без линија“ не е решение, и направивме сурова анализа на еден систем кој со години одбива да учи од сопствените грешки. Затоа, заклучокот е јасен: доколку ризикот е институционално конструиран, тогаш и решението мора да биде радикално, институционално дизајнирано. Тоа подразбира напуштање на дебатниот клуб и воспоставување на една командна вертикала, правна кохерентност и мерлива отчетност.

На Македонија не ѝ треба обид за рециклирање на неуспехот преку формирање на „уште една“ независна агенција. Потребно е радикално напуштање на дуализмот и создавање на единствен оперативен јазол – Биро за вонредни состојби, вградено во ресорот што природно ги поседува комуникациите, принудната моќ, логистиката и оперативната дисциплина 24/7, односно Министерството за внатрешни работи (МВР). Само во таков веберијански систем на рационално-легално управување, илузијата наречена „координација“ може конечно да стане вистинска команда.

Клучна теза

Наместо „уште една“ независна агенција, Македонија треба да воспостави единствен оперативен јазол – Биро за вонредни состојби во состав на МВР, со јасна командна вертикала и мерлива отчетност.

Тврдењето дека системот за вонредни состојби треба да се интегрира во МВР не е наш локален експеримент, туку цврсто потврден европски стандард. Државите што минале низ силни катастрофи го напуштаат моделот на слаби, независни цивилни тела. Во Германија, моќните агенции за цивилна заштита (BBK) и техничко спасување (THW) се директно под капата на Сојузното МВР , додека во Франција целата Генерална дирекција за управување со кризи, вклучувајќи ги пожарникарите, е оперативен дел од нивното МВР.

Овој докажан модел го презеде и нашиот регион, откако државите платија висока цена. Романија, по трагедијата во клубот „Колектив“, го реши преклопувањето на надлежностите формирајќи Оддел за вонредни состојби во рамките на МВР.

Хрватска, како што пишувавме, пред серијата разорни земјотреси, сфати дека независните агенции се структурно зависни тела без линиска моќ кои во криза молат за ресурси, па ги укина и го врати системот во МУП.

Истата лекција ја научи и Србија по поплавите во 2014 година, а Бугарија и претходно, го ликвидираше експериментот наречен „Министерство за вонредни ситуации“ како модел без оперативни овластувања.

Крај за „организираната неодговорност“

Суштината на управувањето со ризици не е во метеоролошките мерења, туку во прецизното детектирање на системските слабости. Доколку по катастрофите отсуствуваат „научени лекции“ кои се преточуваат во трајна институционална меморија (нови процедури, обуки, наменски буџет и санкции), обновата останува чисто козметичка. Без суштински промени, структурната ранливост се задржува, оставајќи го системот целосно неподготвен за следната кризна сезона.

Клучни „години-траги“ (графички преглед):

Инфографик (изработил: проф. д-р Александар Иванов)

Постоечкиот дуализам помеѓу Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) генерира опасен вакуум и паралелизам во одлучувањето. Оваа структура создава нејасна линија на командување, која на терен резултира со дезориентација и отсуство на јасна субординација. Проблемот е особено изразен при ангажирањето на МВР и Армијата. Поради нивната специфична безбедносна субкултура и ригидна хиерархија, овие структури структурно не се приспособени да бидат командувани од надворешни координативни тела. Тие функционираат исклучиво низ сопствениот синџир на команда, што ја прави хоризонталната „координација“ со цивилните агенции нефункционална во реално време. Бидејќи во криза времето се мери во минути, чекањето на меѓу-институционално усогласување е фатално и чини животи, уништени шуми и инфраструктура. За да се спречи она што Улрик Бек го дефинира како „организирана неодговорност“, претстојната реформа не смее да остане на ниво на административна козметика. Потребен е суштински државнички пресек во Собранието кој ќе воспостави единствен синџир на команда, јасен мандат и мерливи цели.

Промена на доктрината: апсолвирање на концепцијата од 2003 година

Националната концепција за безбедност и одбрана од 2003 година е целосно и неповратно надмината по сите основи – реалноста на терен и природата на модерните кризи одамна ги прегазија нејзините постулати. Затоа, првиот чекор кон системско решение не е слепа набавка на скапа опрема, туку темелна промена на самата државна доктрина.

Но, донесувањето на овие нови стратегиски концепти не смее да се сведе на владини одлуки зад затворени врати; тоа бара задолжително и суштинско вклучување на Собранието.

Виталните безбедносни елементи на државниот систем мора да се бетонираат со широк национален консензус, бидејќи тие апсолутно не смеат да бидат предмет на ситни пазарења и дневна политика. Потребна е целосна државничка кохезија на стратегиите и ресурсите за конечно да се именува еден јасен носител на одговорот за невоени закани низ следниве документи:

  • Стратегија за национална безбедност: мора недвосмислено да го именува МВР како примарен и извршен носител на одговорот на сите невоени закани.
  • Стратешки одбранбен преглед: неопходно е рефокусирање кон поддржувачка улога во цивилни кризи, со кристално јасни и стриктни правила за вклучување и излегување на воените капацитети, со што ќе се спречи паралелизам во командувањето.
  • Национална стратегија за намалување на ризици од катастрофи: нејзина директна операционализација преку новото Биро, со воведување на строго мерливи индикатори за секоја општина посебно и задолжителни јавни годишни извештаи. Ова мора да ги замени досегашните препишани дефиниции кои, наместо да го превенираат ризикот, само ја администрираа и легализираа ранливоста.

Легислативна трансформација: еден матичен закон наместо правни процепи

Македонскиот систем за вонредни состојби боледува од вграден правен дефект: два различни закони произведуваат две спротивставени логики на управување. Законот за управување со кризи го фаворизира ЦУК исклучиво како координативно тело, додека Законот за заштита и спасување ја позиционира ДЗС како командна структура. Кога „координацијата“ и „командата“ се вештачки поделени помеѓу две институции, одговорноста се разводнува. Линијата на субординација станува нечитлива, што на терен, во услови на криза, директно се преведува во изгубени минути, хаос и изгубена контрола.

Затоа, реформата мора да биде правно чиста и оперативно едноставна. Потребен е еден матичен закон кој ќе ги консолидира фрагментите, ќе воспостави цврста командна вертикала, прецизни степени на вонредност и строга трага на одговорност (наредби, записници, СОП).

Имајќи ги предвид собраниските процедури и ризикот од легислативен вакуум, овие промени не смеат да одат парцијално. Тие мора да се поднесат во Собранието како поврзан легислативен пакет (евентуално со користење на деловничките можности за итна/скратена постапка поради виталниот безбедносен интерес на државата). Роковите не се спротивставени, туку се паралелни колосеци кои гарантираат дека системот ќе профункционира веднаш:

  1. Нов матичен закон (до 60 дена): Суштинско консолидирање на легислативата. Укинување на дуализмот преку воспоставување единствена командна вертикала под новото Биро, дефинирање на степените на вонредност и прецизирање на улогите без преклопување.
  2. Законска основа за Бирото (паралелно со матичниот закон, до 30-45 дена): Измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ) и релевантните акти, за формално позиционирање и етаблирање на новото Биро како автономен орган во состав на МВР.
  3. Интервенции во ЗВР и Законот за полиција (до 45 дена): Синхронизирани измени кои ќе го гарантираат статусот, заштитата и специфичните овластувања на службените лица кои ќе командуваат со операциите на терен (изедначување или дефинирање на нивните специјални овластувања).
  4. Подзаконски акти и СОП (до 90 дена): Веднаш по изгласувањето на законите, владина и министерска разработка на оперативните протоколи, стандардите за опрема и строгите стандардни оперативни процедури (СОП) за да се овозможи непречено прелевање на правото во теренска пракса.

Заклучок: прекин на рутината на штетата

Повторувањето сурово нè учи дека најскапото нешто не е самиот климатски екстрем, туку нашата институционална навика да не учиме од него. Со поставување на еден цврст правен столб, една чиста командна вертикала во рамките на МВР и јасно мерливи цели, државата може конечно да премине од состојба на „организирана неодговорност“ кон оперативна команда. Во спротивно, ќе продолжиме да живееме во вечна импровизација, произведувајќи совршена бирократска документација и плаќајќи со несовршени – а често и трагични – исходи на теренот.

Единствената линиска команда не смее да биде неограничена. Мора да има јасни демократски граници и заштита од злоупотреба: строги законски рокови за активирање и деескалација на вонредна состојба, засилен парламентарен надзор над трошењето на средствата, задолжителни јавни извештаи и независни анализи по секој инцидент кои директно ќе се вклучуваат во ажурирани СОП.

Редакциска белешка:
НОВАТА СТРУКТУРА НА СИСТЕМОТ е посебно поглавје во оваа анализа од проф. д-р Александар Иванов, со елаборација на стратешките и оперативните зафати што се неопходни за да се осовремени справувањето со кризите. Тоа поглавје ќе биде ексклузивно објавено во книга во која ќе се обелоденат сите детали на овој извонреден стратешки документ, што е претстоен издавачки проект на ЦИВИЛ.

Проф. д-р Александар Иванов е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопјe, специјализиран за безбедност на животната средина, меѓународни односи и трансформација на безбедносната наука во оперативна реалност.

Авторски права и одговорност
© 2026 проф. д-р Александар Иванов и ЦИВИЛ – Центар за слобода
Сите права се задржани. Текстот се објавува со согласност на авторот и претставува дел од трудот „Интегрална анализа на управување со ризици и вонредни состојби (2007–2025)“.
Ставовите, анализите и заклучоците изразени во текстот се одговорност на авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ