• Latest
Џабир Дерала

Македонската политичка „сеизмика“

September 23, 2021

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Македонската политичка „сеизмика“

Сеизмографот на македонската современа политичка историја е во постојано треперливо движење. Тој, освен честите изборни потреси, бележи и жестоки политички и безбедносни кризи, спектакуларни скандали, растежи и падови кои постојано го тресат тлото под нозете. Човек просто да помисли дека нѐ следи некое проклетство

September 23, 2021 10:22
in ДНЕВНИК, ЕДИТОРИЈАЛ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Ако се обидувате да најдете смисла во политичката џунгла околу вас, не се обидувајте. Не дека ја нема, туку затоа што може да откриете нешто што уште помалку ќе ви се допадне.

ТЕКТОНСКИ ПОТРЕСИ

Живеете под стрес? Бевте збунети и исплашени за иднината пред пандемијата, а сега уште повеќе? Климатски промени? Смртта на науката? Излевање на водите преку работ на рамната Земја? Не грижете се, човештвото опстанало и преживеало многу поголеми падови. Не ви е грижа за човештвото, се грижите за себе и своите блиски? Ни тоа не е проблем. Секој човек, од која и да е партија, е дел од човештвото. Ќе преживеете. Можеби.

Среде континуирани „тектонски потреси“ во општеството, политичките кампањи стануваат начин на живот. Тектонски потреси во сеизмологијата се најразорниот вид земјотреси.

„Сеизмиката“ на македонската политика познава повеќе видови потреси. Тридецениското македонско државно битие како да е навлечено на изборите, што е шок за системот и за многу постабилни, поелаборирани и поразвиени демократии, не пак за една мала, сиромашна земја од Западен Балкан. Каква е македонската изборна историја?

УЛТРА КРАТКА ИЗБОРНА ИСТОРИЈА

Од почетокот на македонската плурална демократија до денес имаме 10 парламентарни избори (како да сме 40-годишна земја, а тукушто одбележавме 30 години независност). Првите мултипартиски избори се одржаа во 1990 година. Тоа беше можеби најромантичниот изборен процес, иако крајно наивен, особено во споредба со тоа каква власт (божем експертска) ни донесе тоа прво плурално демократско изјаснување на гласачите тукушто излезени од еднопартискиот политички систем. И сите потоа, да не ја тегнеме приказната.

Најголем проблем ни донесоа предвремените парламентарни избори. Пет од десетте парламентарни избори беа со ознаката предвремени – 2008, 2011, 2014, 2016 и 2020 (распишани во 2019).

Имавме и шест претседателски и седум локални избори (сосе претстојните на 17 октомври).

РЕФЕРЕНДУМСКИ МАКИ ГОЛЕМИ

Имавме и референдуми. По тој, најголемиот и најважниот, Референдум за независност во 1991 година, следеа не мал број референдуми, успешни и неуспешни. Потоа се организира неуспешниот референдум за Илирида во 1992 година, а истата година, со ист неуспех беше означен и обидот за прогласување на Република Вевчани.

Немаше позначајни обиди за референдуми до 2001 година кога, ден по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, тогашниот премиер и еден од потписниците на Договорот, повика на референдум за негово поништување. Исто така, неуспешен обид.

Следеа референдумите против новопредложената територијална поделба во 2014, против барокната фасада на ГТЦ (2015) и против „Рудниците на смртта“ во 6 општини од југоисточниот регион (2016).

За посебно одбележување се и петнаесетина општински иницијативи на ВМРО-ДПМНЕ за локални референдуми против „доселувањето на стотици илјади бегалци од Блискиот Исток“ во пресрет на локалните избори во 2017 година. Статистиката тие денови бележи дека на македонска територија имаше регистрирани, сѐ на сѐ, нешто повеќе од 10 бегалци. Помалку од бројот на иницијативи за нивно прогонување.

Референдумот со кој земјата се запиша на светлите страници на светската историја и надмина речиси тридецениски апсурден спор, беше Референдумот за прифаќање на Преспанскиот договор во 2018 година. Време кога хибридните закани против нашата земја се интензивираа со вртоглава динамика и траат до денес.

ЧАСОВНИКОТ ОДБРОЈУВА

Часовникот одбројува до следниот „потрес“, за „референдумско“ изјаснување за иднината на светата татковина, кога долгите прсти ќе се заријат во народниот леб. Препознатливо? Сепак, за локалните избори се работи.

Сеизмографот на македонската современа политичка историја е во постојано треперливо движење. Тој, освен честите изборни потреси, бележи и жестоки политички и безбедносни кризи, спектакуларни скандали, растежи и падови кои постојано го тресат тлото под нозете. Човек просто да помисли дека нѐ следи некое проклетство. (Да не ги спомнуваме теориите на заговорот, доволно ни го загорчуваат животот на социјалните мрежи.)

По сето ова кажано, а уште повеќе по сето што се подразбира, не е чудно што македонското општество е под континуирани „изборни тектонски потреси“ или за тие што се повеќе склони кон „јунаштвото“ – македонска изборна кланица.

Во македонската политичка „сеизмика“ не се познати поинакви движења освен оние што се однесуваат на острата и беспоштедна битка меѓу политичките партии, па затоа и изборните процеси се „главното политичко јадење“ на македонските граѓанки и граѓани. Едноставно, животот е проткаен со пораки и настани со посреден или непосреден изборен контекст. Нема бегање од тоа.

БОРБА НА ЖИВОТ И СМРТ

Не останува ништо друго освен да констатираме дека и овие избори се водат „на живот и смрт“, како и сите останати досега. И овие избори се исклучително важни за опозициските партии кои се претежно десничарски, некои и ултранационалистички. Тие не избираат средства за да освојат глас повеќе, бидејќи нивните шефови нема да издржат уште еден пораз.

Како што би се изразил еден партиски шеф на ултранационалистичка десничарска партија со несоодветно име – допрва ќе се „тркалаат глави“, по изборите. Во случајов, се мисли на „политички глави“ кои, за да ја спасат својата позиција, и најмал неуспех на политичките противници (читајте: смртни непријатели) ќе го прогласат за своја победа и ќе бараат предвремени парламентарни избори.

Со среќа нека ни е.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот)
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ