• Latest

Малески: Не е српски интерес, Македонија забрзано да стане членка на НАТО!

August 23, 2017

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Малески: Не е српски интерес, Македонија забрзано да стане членка на НАТО!

August 23, 2017 16:46
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Експертот за надворешна политика, професор д-р Денко Малески, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, ги анализира актуелните случувања на релација Македонија –Србија и нивната реперкусија врз процесот на забрзано членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Тој ја коментира и улогата на македонската опозиција во овие случувања и на планот на општиот напредок на државата на меѓународен план.

ЦИВИЛ Медиа: Кој е Вашиот коментар за последните случувања на релација Македонија –Србија?

МАЛЕСКИ: Мислам дека оваа е една нова ситуација на прилагодување на интересите на двете суверени држави, Република Македонија и Република Србија. Многу од нештата што важеле за поранешната федерација, веќе, во нашите односи не важат. Има работи околу кои што сме согласни, има работи околу кои нашите политики се разидуваат… Да речеме, нашиот интерес забрзано да станеме членки на НАТО, не соодветствува со српскиот интерес, којшто балансира меѓу Русија и САД. Нашиот интерес да градиме инклузивно, мултиетничко општество е „лош пример“ за сегашната српска политика, која што бара раздвојување на сѐшто е српско и сѐ што е албанско, на примерот на Косово, нашиот сосед. Оттука произлегуваат и различни надворешни политики, нашата – за поддршка на новата држава за членство во меѓународните организации и признавање на државата, а од друга страна, нивното непризнавање и обид за територијална поделба по етничка линија, што нам, како држава, не ни одговара и ниту пак, како политика ја практикуваме.

По моја проценка, последните настани можно е да се поврзани со губење на влијанието на Белград врз политиките во Македонија, бидејќи вакви остри реакции немаше со поранешната Влада. Мислам дека во основата на спорот лежи губењето на влијание, коешто, како што видовме, е прилично изразено во некои структури.

ЦИВИЛ Медиа: Колку овие случувања може да попречат во планот на новата Влада, да ја води Македонија што поскоро на патот кон НАТО и ЕУ?

МАЛЕСКИ: Овие влијанија од околните балкански земји, врз една послаба земја како што е Македонија, ќе продолжат и натаму. Меѓутоа, различно од некогашните историски ривалитети околу Македонија, е тоа што, ние сега имаме една опција, а таа е – забрзано членство во НАТО, првин, како безбедносен сојуз и сојуз на демократии, и потоа во ЕУ. Тоа е нашата алтернатива. Меѓутоа, за да ги избегнеме балканските интервенции во внатрешните работи, за тоа да го постигнеме, неопходен е степен на единство внатре во земјата, помеѓу сите политички субјекти, особено опозицијата мора да се приклучи кон оваа задача. А, проблемот со опозицијата е што, таа партија тешко ќе стане дел од еден внатрешен сојуз, ако не се демократизира и не расчисти со криминалот, којшто доведе до нејзино паѓање.

ЦИВИЛ Медиа: Со оглед на актуелните ставови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот настап во Собранието, значи дека ова би имало свои рефлексии врз процесот на пристапување на Македонија кон евроатланските асоцијации?

МАЛЕСКИ: Тоа да! Зависи сега што ќе изберат. Ако избератж да се променат себе си, и да учествуваат во градење на едно демократско општество со контролирана власт, каква што не беше досега, и ако се приклучат кон тоа, тогаш ќе придонесат кон забрзаниот процес на интеграција на Македонија. Ако опструираат и опонираат, тоа ќе нѐ чини повторно!

ЦИВИЛ Медиа: Има ли основ за сомнеж во поранешната власт, сегашната опозиција – којашто блиско соработуваше со Владата на Србија, и нивната заедничка проруска ориентираност, во однос на овие дипломатски случувања?

МАЛЕСКИ: Па, можно е! Но, она што на крајот се покажува, е дека во односите меѓу државите, во меѓународната политика, иако важни, сепак, не се одлучувачки личните афинитети на поединци за правење сојузи со други личности од други земји, туку базичните интереси на државата, оние за коишто говорев и ги објаснив на почетокот. На пример, нашата политика на мултиетничко општество, на инклузивно општество, на интеграција на етничките групи во една заедничка политика, значи дека таа политика ќе ги рефлектира, и ставовите на тие етнички заедници, особено на албанската етничка заедница, што е втора по големина во земјава. Тоа е таа објективност, тоа ќе влијае и врз домашната и врз надворешната политика, и со тоа треба да се соочи српската страна. Не е тоа работа на избор! И кога комуницираат со Македонија, тие не комуницираат само со Македонците, туку со сите што живеат овде.

ЦИВИЛ Медиа: Како експерт за надворешна политика, што ѝ порачувате на новата Влада, во овој контекст?

МАЛЕСКИ: Нам ни се потребни добри односи со сите соседи. Ние треба јасно и гласно да ги кажуваме работите, да видиме кои се нашите точки на согласување, да работиме на тоа, да ги унапредуваме… Се разбира дека имаме заеднички интереси, ние граничиме едни со други, поминуваме преку териториите за комуникација со Европа. Така што, тие елементи на соработка, мора да се поттикнуваат. А, разликите што произлегуваат од различната положба на двете суверени држави, како внатрешното уредување, така и визијата за натаму, на тоа да се работи преку взаемно разбирање. Нема што, тие да се лутат на Македонија, затоа што, да речеме, таа го промовира и интересот на албанската заедница во Македонија, тоа мора така да биде во едно мултиетничко, мултинационално општество – какво што е македонското, ако сакаме да го сочуваме внатрешниот мир, стабилноста, просперитетот и да заличиме повеќе на Европа, којашто повеќе ги поддржува овие работи, секако повеќе, наспроти оние на етничките територијални поделби, за коишто се залага Владата на Србија во Косово.

Моника Талеска

 

Tags: дипломатијадобороседски односиЕУКосовоМакедонијанадворешна политикаНАТОНикола ГруевскиопозицијаСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ