• Latest

Манипулациите на колешката Силјановска: Научно и политичко фијаско!

August 19, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Манипулациите на колешката Силјановска: Научно и политичко фијаско!

August 19, 2023 22:33
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТИТО БЕЛИЧАНЕЦ

Колешката бидејќи немаше издржани правни аргументи да го одбрани негативниот став за прифаќањето на уставните измени од страна на нејзиното ВМРО ДПМНЕ во излагањето. Вон контекст се повикуваше на научни мислења и одредби од меѓународни договори, но не и на правните акти на ЕУ.

Од многуте конфузни ставови од нејзиното излагање ќе се задржам на четири.

Првиот: Патот кон ЕУ не одел преку Брисел туку преку Софија

Кога Македонија поднесуваше барање за членство во ЕУ, знаеше дека патот оди преку Брисел и со согласност на сите членки. И дека согласноста се постигнува со тешки преговори меѓу членките во кои требаше да се совлада бугарскиот национален нихилизам кон македонската нација и јазик.

Вториот: Не била преговарачката рамка основ за влез во ЕУ туку член 8 од Лисабонскиот договор и други бројни меѓународни договори кои предвидуваат реципроцитет и гарантирање на малцинските права

Се разбира, бесмислена и воопштена изјава, со цел да се создаде магла. Притоа, таа не наведува ниту еден правен и научен аргумент. ЕУ има свои правни принципи, врз кои е основана и функционира, а пред сè, тоа е консензуален начин на донесувањето на одлуките за прием на нови членови.

Третиот: Преговарачката рамка не е политичко тенгало кое може да се препреговара меѓу кандидатот за член во ЕУ и ЕУ

Општо познато е дека условите за влез во ЕУ и почеток на преговори ги утврдуваат, консензуално, членовите на ЕУ и условите не се предмет на преговори меѓу кандидатот за член во ЕУ и ЕУ. Усвоената преговарачка рамка не може да се менува без согласност на сите членки на ЕУ, во случајот и Бугарија. Принципот е „земи или остави“. Оттаму, ако овој предлог биде одбиен од Собранието на Македонија, се почнува со нова процедура за која не се знаат условите и времето кога ќе биде покрената. А да не зборуваме за прашањето кога консензуално ќе биде усвоена.

Четвртиот: Преговарачката рамка ја усвојуваат граѓаните на референдум

Според Уставот, преговарачката рамка за влез во ЕУ ја усвојува Владата, а условите под кои ќе се водат преговорите, ги утврдува Собранието со мнозинство пратеници од вкупниот број на пратениците. Како што беше случај со Македонија.

Додека одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави, како што е одлуката за влез на Македонија во ЕУ, по успешно завршените преговори, согласно став 3 од член 120 од Уставот, се смета за усвоена, ако на референдум за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.

Накусо – научно и политичко фијаско!


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Гордана Силјановска-ДавковаЕУманипулацииуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result