• Latest

Маричиќ: Време е за разговор со ВМРО-ДПМНЕ на тема – што може да загрози внесот на Бугарите во Уставот

February 18, 2023

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Време е за разговор со ВМРО-ДПМНЕ на тема – што може да загрози внесот на Бугарите во Уставот

February 18, 2023 12:26
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На уставните измени треба да гледаме како на потреба ние самите да си го заштитиме и зајакнеме идентитет наспроти Бугарија, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за Македонско радио.

Со ставањето, додавањето на Бугарите како етничка заедница во Уставот се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ, Македонците, мнозински народ во Северна Македонија, и Бугарите како етничка заедница во државата и како малцинство, да кажам според конвенциите. А секако дека имаат право граѓаните слободно да се изјаснат како се чувствуваат и како што имаме ние и седум други заедници коишто се истакнати во нашиот Устав, треба да имаме можност за Бугарите, за ние да бидеме заштитени дека никој не може да каже дека ние сме Бугари. Ние сме Македонци и самата дистинкција дека има и Бугари коишто со последниот попис се 3.000 и стотина. Со самиот тој чин ќе ја направиме таа дистинкција. Дополнително на тоа ние ќе додадеме и други заедници како што се Хрватите и Црногорците, најмалку. Значи има интерес и од други Евреите, Египќаните, Торбешите и така натака и спремни сме да разговараме, истакна вицепремиерот.

Според Маричиќ, важно е Северна Македонија како татковина на сите заедници да покаже големина и на тој начин да го затвори ова прашање засекогаш.

Мислам дека е време и со ВМРО ДПМНЕ да разговараме, дали јавно или вон очите на јавноста, сеедно, секако треба да почне разговорот. На темата на суштинска содржинска расправа околу уставните измени, зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот, како тоа нам на Македонците ни е проблем, како тоа може да не загрози. Бидејќи содржински треба да го промениме Уставот во преамбулата со додавањето и во додавањето на Бугарите во оној комитет за односи меѓу заедниците во Собранието, каде што ги има сите заедници, тие се двете места, Уставот каде што се спомнуваат заедниците со име. Доколку влеземе во таква дискусија, верувам дека ќе дојдеме до разумни аргументи дека е навистина трагично да ја блокираме сопствената држава на патот кон Европската Унија заради ова прашање. Ние можеби ќе имаме во текот на преговорите и потешки прашања, сигурен сум. Потешки прашања коишто нема да бидат од овој карактер, нема да бидат врзани заедно, нема да бидат врзани за историја, нема да бидат врзани никако за етничкото потекло ќе бидат врзани за пристапот кон нашето земјоделство, заклучи Маричиќ.

Tags: БугаривмроМаричиќразговориУстав
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ