• Latest

Маричиќ за изјавата на бугарската вицепремиерка: Единствен услов за отворање на првиот кластер се уставните измени

December 18, 2023
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
„Бољи живот“ - Лидија Вукичевиќ со јогурт на главата, Белград, 17 ноември 2026 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Вучиќ од вториот и третиот чин

November 18, 2026

Кремљовска мрежа ботови „Матрјошка“ поттикнува сепаратизам пред изборите во Шпанија

November 18, 2026
Големата сала во српскиот парламент (извор: parlament.gov.rs)

Србија: Вучиќ со 103-минутен говор ја претвори конститутивната седница во политичка пресметка – што се случи?

November 18, 2026
Еврокомесарката за проширување Марта Кос (photo: EC - Audiovisual Service)

Скандал: Српска националистичка песна на ЕУ форумот за проширување – што се случи?

November 17, 2026
Роботика во практична демонстрација: Прецизно ракување со предмети. (Извор: Google / Gemini, screenshot)

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Црно Море: Потона товарен брод во бугарската економска зона, сомнежи за напад со морски дронови

November 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ за изјавата на бугарската вицепремиерка: Единствен услов за отворање на првиот кластер се уставните измени

December 18, 2023 15:50
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Единствен услов за отворање на првиот кластер се уставните измени, останати изјави се политички став, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Одговарајќи на новинарски прашања за изјавата на бугарската вицепремиерка, Марија Габриел, Маричиќ кажа дека договорите за добрососедство и Преспанскиот се ставени во преговарачка рамка и државата ќе ги почитува до крајот на преговорите.

Тој денеска беше панел учесник на дискусијата „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“ која се одржа во Даут пашин амам во Скопје. – Изјави имало порано и ќе има и понатаму.

Нам ни е битно што пишува во заклучоците во Европскиот совет.

Во заклучоците на Европскиот совет пишува дека штом се направат уставните измени, веднаш без никакво натамошно одлагање, без нова политичка одлука што е многу битно ќе има втора меѓувладина конференција на која ќе се отвори првиот кластер.

Секако, во поширока смисла договорот за добрососедство и Преспанскиот договор се ставени во Преговарачката рамка како дел од добрососедските односи така што ние ниту сме кажале дека тоа нема да се почитува ниту сме кажале дека некој од нашите договори со соседите нема да се почитува и тоа ќе биде како прашање до крајот на преговорте.

Протоколите што се потпишани се спроведуваат и треба да се спроведуваат, но тоа не е услов за отварање на првиот кластер.

Единствен услов за отворање на првиот кластер се уставните измени и тоа јасно го пишува во заклучоците на Европскиот совет, секоја друга изјава ја гледам само како политичка, политички став, кажа Маричиќ.

Секоја држава која ќе оди напред е добра вест за нас и легитимно право е секој да се бори да го задржи темпото, смета вицепремремиерот во однос на тоа дали Албанија ќе продолжи сама.

Тој додава дека сепак тоа зависи од консензусот на државите од ЕУ, а Албанија во моментов го нема.

Посочувајќи примери во минатото, Маричиќ рече дека државата не треба да заостанува, треба да си ги сработи обврските. – Лоша вест е што ние нема да одиме напред, а не Албанија што ќе оди доколку оди.

Во овој момент нема согласност за Албанија.

Ние веруваме дека најдобро е да одиме заедно, бидејќи заедно го завршивме и скринингот, но доколку Албанија продолжи, само ќе честитаме и тоа ќе го поздравиме, а ние треба да се бориме да си го задржиме тоа темпо да не заостанеме, затоа што секое заостанување не чини многу нас како држава, нашите граѓани со сите можности што ги имаме.

Така што ние треба да ги гледаме нашите обврски и да работиме за ние да одиме напред, а останатите секако ќе се борат за да се движат напред и тоа е легитимно, вели вицепремиерот.

Маричиќ смета дека сите проблеми, корупција, владеење на право можат да се надминат доколку се зајакнат институциите, посочувајќи дека проблеми со корупција можат да се надминат за четири, пет години посочувајќи го примерот со Хрватска.

Одговарајќи на новинарски прашања, вицепремиерот истакна дека и државата пред седум години била „заробена држава“ што било верификувано во извештаите на Европската комисија.

Тој нагласи дека за целосно менување на сликата е потребно јакнење на институциите и имплементација на законите, подобрување во делот каде што има потреба.

Шанса има и треба да се искористи, дециден е Маричиќ.

В однос на политички прашања, дали може со ДУИ да се излезе со заеднички кандидати, тој нагласува дека како партија дале јасен сигнал за формирање на европски фронт, политички партии без разлика на идеологија и етнички предзнак кои се залагаат за членство во ЕУ до 2030 г.

-Сигурен сум дека во наредниот период најдобро е тоа да го прашате премиерот ќе има можност за разговори со сите  политички лидери, мислам дека веќе и се разговара, а исходот ќе видиме тие разговори како ќе бидат ќе се процени што е тоа најдобро.

Според мене во Северна Македонија постојат два блока едните кои се за брзо членство во ЕУ со надминување на сите проблеми, а другите кои сакале да останеме сè уште во чекалната и чекањето да ни биде стратегија, кажа Маричиќ.

Во однос на однесувањето на Унгарија за Украина, Маричиќ кажа дека ако премиерот Орбан останел во салата и гласал против, тогаш одлуката немала да помине.

Тој нагласува дека ова е добра одлука за Украина, но дека се знае точно како се носат одлуките во ЕУ, додавајќи дека во нашиот случај имало држави членки кои останале и се изјасниле против.

– Знаеме како се носат одлуките во ЕУ она што е битно е дека напуштањето на некој начин од страна на унгарскиот премиер, подразбира и еден вид на согласност бидејќи доколку Унгарија останела внатре, премиерот Орбан останал во салата и гласал против, одлуката немала да помине.

Ние сме го виделе тоа повеќе пати, така што јас сум сигурен дека ова е некое компромисно решение кое придонело заради целата ситуација со Украина и добро е што се донесе таа одлука, ние не треба да се потпираме на вакви ситуации треба да сме свесни во нашиот случај сме имале држави членки кои останале и се изјасниле против и тоа е суштинската разлика.

Ако немате држава членка којашто останала и се изјаснила против, тогаш одлуката може да помине, вели Маричиќ.

Tags: Бојан Маричиќизјавата на бугарската вицепремиеркакластерПреговориуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ