• Latest

Марјан Ѓуровски: Македонскиот и украинскиот народ делат исти вредности и тие не смеат да бидат поразени со воена агресија

February 25, 2023
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Марјан Ѓуровски: Македонскиот и украинскиот народ делат исти вредности и тие не смеат да бидат поразени со воена агресија

February 25, 2023 12:50
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Падна големиот руски мит дека Украина и Киев ќе се освојат за петнаесет дена. Се сеќаваме дека специјалната руска операција требаше да заврши за 72 часа. Големата руска армија не ја извојува победата во изминатите 12 месеци. Значи, нема дилема дека Украина ќе ја зачува својата територија. Украина има силна волја да ги ослободи своите територии, секако со западна помош, изјави професор д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на УКИМ на вчерашната конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

Тој истакна дека „нашата земја како членка на НАТО целосна ја осудува руската воена агресија која го наруши меѓународното право, прифатените општи принципи на мир и европски вредности на демократија и стабилност. Не можеме да ја одредиме иднината на Украина во Брисел, Вашингтон или Лондон. За ова треба да решава официјален Киев како што и го прави тоа со носење на храбри одлуки. Ние како земја членка на НАТО заедно со нашите сојузници стоиме зад Украина, јасната заложба и одлучност за зачувување на територијалниот интегритет и суверинитет на Украина“.

Република Северна Македонија како дел од НАТО е членка на антивоената коалиција и сите ги браниме правата на самоопределување, слободно и независно живеење за цела Европа. Зошто во Украина се бранат токму европските принципи на сите нас. Нашата држава и македонските граѓани со украинскиот народ делат исти вредности и тие не смее да бидат поразени со воена агресија која се надевавме дека е дел од историјата, истакна Ѓуровски.

Според него, Русија ќе се обиде да предизвика нови кризи во Европа, како и на Балканот, а да се дефокусира европското политичко внимание.

Сега сме далеку од мирно решение за воената агресија на Русија врз Украина. И, на тој начин ќе имаме еден замрзнат конфликт на европскиот континент малку подолг период… Најважно е на почетокот, но и сега, да не дојде до директен воен конфликт меѓу Русија и Северно-атлантската алијанса, бидејќи тоа ќе значи нова светска војна. Воедно, сите тие воени судири што се на територијата на Украина, не би смеело да се прелеат на соседните држави, нагласи професорот Ѓуровски.

Тој наведе какви сценарија ни претстојат, а тоа се: 1. Нова длабока воена офанзива; 2.Долга војна со тенденција на замрзант конфликт; 3.Европска војна –Русија со НАТО; 4.Дипломатско решение; 5.Промени во Русија од внатре;

Во вакви услови на неизвеснот најважно е враќањето на САД на Балканот и нивниот проактивен однос кон отворените прашања, истакна Ѓуровски во својот говор на конференцијата.

Tags: „Украина – година на хероизмот“конференцијаМарјан ЃуровскиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ