• Latest

Масивна полициска акција во Германија, ултрадесничарска терористичка организација планирала уривање на владата, уапсени 25 лица

December 7, 2022
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Масивна полициска акција во Германија, ултрадесничарска терористичка организација планирала уривање на владата, уапсени 25 лица

December 7, 2022 12:46
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Германија утрово ја разбуди масивна полициска акција. Уапсени се 25 припадници на домашна ултрадесничарска и терористичка организација во рација ширум Германија, рано утрото денеска. Во полициската акција учествуваа 3.000 припадници на полицијата во 11 сојузни држави, каде што беше извршен претрес на 130 локации. Една поранешна парламентарка (во мандатот 2017-2021 година) од ултрадесничарската партија АФД е меѓу уапсените. Двајца се уапсени надвор од границите на Германија – во Италија и Австрија, пренесува Цивил Медиа.

Властите не го соопштија името на организацијата, но нагласија дека мрежата е дел од пошироко ултрадесничарско движење кое имало конкретен план за насилно соборување на германската држава и поставување нова влада.

Германското федерално обвинителство и германскиот министер за правда, Марко Бушман соопштија дека акцијата е дел од голема истрага насочена против осомничена терористичка мрежа со познати врски со движењето Рајхсбиргер (Reichsbürger – граѓани на Рајхот) и со американското ултрадесничарско движење QAnon. Министерот Бушман рече дека рациите биле извршени врз лица осомничени дека планирале вооружен напад врз државни институции.

„Од утрово се одвива голема антитерористичка операција. Федералниот јавен обвинител истражува осомничена терористичка мрежа од местото на настанот Рајхсбиргер. Постои сомнеж дека бил планиран вооружен напад врз уставни органи“ – напиша Министерот Бушман на Твитер.

Demokratie ist wehrhaft: Seit heute Morgen findet ein großer Anti-Terror-Einsatz statt. Der Generalbundesanwalt ermittelt gegen ein mutmaßliches Terror-Netzwerk aus dem Reichsbürger-Milieu. Es besteht der Verdacht, dass ein bewaffneter Überfall auf Verfassungsorgane geplant war.

— Marco Buschmann (@MarcoBuschmann) December 7, 2022

Многу од уапсените имале воена обука, а меѓу нив имало и поранешни германски војници, вклучително и од армијата на поранешна Источна Германија, а се знаело дека биле тешко вооружени со оружје стекнато нелегално. Групата најверојатно била формирана кон крајот на 2021 година, велат обвинителите.

Меѓу уапсените има и едно лице што направило обиди да стапи во контакт со претставници на руската влада во врска со плановите, се наведува во соопштението на федералниот обвинител, но нема индиции дека добиле позитивен одговор од руските извори со кои контактирале.

Руски државјанин, кого обвинителите го идентификуваа како „Виталиј Б.“, е под „силно сомнение“ дека ги поддржувал заговорниците и дека се обидел да воспостави контакти со Москва.

Групата вклучува луѓе кои учествуваа во демонстрациите против Ковид карантинот и биле целосно под влијание на теориите на заговорот, соопштија властите.

Целта на терористичката група беше „да се урне постојниот државен поредок во Германија и да се воспостави нов сопствен облик на држава, чиишто контури се веќе разработени,“ при што било предвидено користење воени средства и насилство врз државните претставници, се вели во соопштението на обвинителите.

Плановите на групата вклучуваат и вооружен напад врз зградата на германскиот парламент, Рајхстагот, соопштија обвинителите. Членовите на терористичката група, исто така, формирале и влада во сенка што имале намера да ја инсталираат доколку нивните планови бидат успешни.

„Членовите на организацијата беа свесни дека оваа цел може да се постигне само со употреба на воени средства и насилство врз државните претставници. Ова вклучува и нарачување убиства“ – се вели во соопштението на обвинителството.

Подготви: Дескот на ЦИВИЛ


Користени материјали:
The New York Times
Deutsche Welle

Tags: QAnonReichsbürgerГерманијаполицијатероризам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ