• Latest

„Мајчин јазик“ концертно претставен во Скопје

March 18, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Мајчин јазик“ концертно претставен во Скопје

March 18, 2018 09:20
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Влатко Стефановски синоќа во Македонската филхармонија концертно го промовираше „Мајчин јазик“- негов прв соло акустичен албум кој содржи инструментални верзии на македонски народни песни. На првата од трите скопски промоции на 35-тиот албум во неговата кариера, Стефановски изведе композиции и од други свои солистички албуми, како и од опусот на „Леб и сол“ – па концертот го отвори со „Абер дојде Донке“ и го заврши со „Скопје“.

– Вие покажавте голем интерес за овие концерти и многу ви благодарам. Сега е на мене и на моите гости да ви дадеме и да ви отсвириме се што знаеме и умееме со идеја да си одите од тука задоволни и намеани, рече Стефановски поздравувајќи ја публиката на почетокот на двочасовниот концерт.

Од новиот албум ги изведе „Зошто си ме мајко родила“ (која им ја посветил на Есма и Стево Теодосиевски), „Огреала месечина“, „Успаванка за Радмилу М“ – композиција за истоимениот албум на „Бијело дугме“ за која рече е настаната во Скопје како минујатура за две гитари, Касапско оро и 13-осминското Пелистерско оро. Три инструментални композиции од албумот беа вокално изведени – „Јано мори“ ја отпеа Вера Милошевска од „Љубојна“, „Димитријо, сине Митре“ – српската етно-пејачка Биља Крстиќ, а сопранистката Весна Гиновска-Илкова ја изведе „Македонско девојче“ како оперска арија.

Најпознатиот македонски гитарист својата виртуозност и овојпат ја покажа во брзата Калајџиско оро, а публиката во исполнетата Филхармонија го следеше со аплаузи и ритамот на инструменталната „Јовано, Јованке“ за која Стефановски рече дека е најпопуларна македонска народна песна во светот: „Мислам дека имам мала заслуга во популаризацијата на таа песна зашто 40 години упорно ја свирам“.

На синоќешниот концерт тој отпеа и две песни кои, како што рече, му се особено драги, а малку подзаборавени – „Вера, надеж, љубов“ и „Кандилце“ (од неговиот прв солистички албум во 1994), како и филмската тема „Џипси меџик“.

По „Time to say goodbye“ на Брајтман, која ја отпеа Гиновска-Илкова најавувајќи го крајот на концертот, публиката го врати Стефановски уште двапати на сцената, На првиот бис ја отсвири „Бистра вода“, прва на албумот „Мајчин јазик“, за која рече дека му е една од најдрагите нумери по која потоа е тешко да се свири, а заврши со хитот на „Леб и сол“ од пред 30 години – „Скопје“ кој го отпеа заедно со неговите специјални гости.

За претставување на „Мајчин јазик“ ќе има уште два концерта во салата на Филхармонија – вечер иво вторник (20 март), организирани од „Баги комуникации“. Албумот е снимен во само неколку дена минатата пролет во Скопје, а за регионот го објави „Кроација рекордс“ од Загреб. Хрватската промоција ќе биде на 17 април во „Лисински“. Во Белград Стефановски ќе настапи на 2 април, а му претстојат концерти и во Софија, Благоевград  и Виена.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

 

Tags: Влатко Стефановскиконцертмајчин јазикСКОПЈЕФилхармонија
Share40TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ