• Latest

Медиумскиот мрак и изборите

July 27, 2016

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Медиумскиот мрак и изборите

July 27, 2016 13:34
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо да бидат вистински репрезенти на објективното и непристрасно информирање на јавноста, но и градители на јавното мислење, најголемиот дел од строго контролираните медиуми во Македонија, се веќе длабоко навлезени во креирањето на глобалното затапување на сетилата на македонската публика која не кореспондира со реалната општествено-политичка и социјална состојба, и со длабоката криза на интелектуалците и на критичкото мислење. За жал, и последниот меѓупартиски договор, не остава простор за оптимизам за каква-таква регулација на медиумската сфера…  

Анализата „Медиумскиот мрак и изборите“ на уредникот на ЦИВИЛ Медиа, Синиша Станковиќ, покрај објаснувањето на причините поради кои Македонија стана „темен  вилает“ и доживеа огромен пад во извештаите и листите на држави – според слободата на медиумите и на јавното мислење, го опфаќа и плетењето на мрежите меѓу новинарството и политичките и бизнис елити во суверена Македонија, особено во контекст на десетгодишната континуирана пресија на актуелната власт.

Во продолжение е интегралниот текст на анализата објавен во публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“, во издание на ЦИВИЛ – Центар за слобода:

По ослободувањето на јавниот сервис МРТВ и по неминовното, опортунистичко-јагмаџиско конвертитство на сопствениците на досега строго контролираните национални медиуми – „спонзори“ на владејачките партии, паралелно со денфувањето на притисоците врз неколкуте преостанати продемократски медиуми, со сè пошироката бафер-зона на освестените и охрабрени граѓан(к)и, широчината на дефиницијата „кредибилни“, можеби, ќе опфати какви-такви избори…

Ајде пред МРТВ

Но, по деценија организирано и во детали планирано масовно труење на јавноста за вистински демократски избори, на Македонија ќе ѝ биде неопходен долг период на демократска детоксикација. Процес на пречистување, наменет за заздравување и освестување на населението – до кое дереџе е стрмоглавена државава, како и за враќање на вредносните критериуми и за коренити промени за воспоставување морални и професионални норми…

Цела деценија Македонија е темен вилает, дури ако се споредува со преостанатиот дел на кутриот Балкан, и длабока црна дупка, која во медиумска смисла е светлосни години далеку од европските стандарди и норми и која, што е уште потрагично, секој ден сè позабрзано се оддалечува од цивилизираниот свет. И за тоа, на рационалните и слободномислечките луѓе во Вилаетот, не им се неопходни ни податоците за соблазнителните падови на Македонија на списоците на (не) слободни држави на „Репортери без граници“, „Фридам рипорт“ или „Амнести интернешнел“, зашто тие, присилени да живеат во држава чија власт е глува и бесчувствителна кон сите апели и предупредувања од Македонија – додека за оние од странство лицемерно се обврзува дека ќе се смени, за потоа да си игра мајтап со нив на домашен план – едноставно, врз сопствена кожа ги чувствуваат последиците од густиот медиумски мрак. (Сите оние што собраа пари и храброст, 600.000 образовани и доблесни луѓе, со дипломи или вештини, избегаа не свртувајќи се, што подалеку од „оазата на мирот“, која „преродбениците“ опиени со антика и барок, ја деградираа во карикатурална „кич-престолнина на Европа“).

nip nova makedonija

Ако во првите десетина години на суверена Македонија медиумскиот монопол на НИП „Нова Македонија“ и на МРТВ лесно ги задушуваше ретките изблици на новинарска храброст да се проговори за оркестрираните фалбоспеви за тогашната власт на СДСМ, чии министри си дозволуваа отворено и неказнето да им се закануваат на новинарите со објавување нивни досиеја или иронично да порачуваат дека здодевните новинари што се осмелуваат да поставуваат прашања за нивната ароганција, само треба да се нахранат со фекалии (погруба варијанта на бугарската верзија за „фрлање коска“ на новинарите), со доаѓањето на власт на „јапи-верзијата“ на ВМРО-ДПМНЕ (штедро потпомогната од послушничката ДУИ, чија пацификација се сведе на рецитации за НАТО и ЕУ, со понекоја шлаканица за непослушните журналисти и со различни изјави, „кому иде“ – приспособувани за меѓународната, па за етнички-македонската, па за етнички-албанската јавност), почна монструозниот план за задушување на слободната мисла и на јавниот збор во Македонија, на секој обид за спротивставено мислење, скраја да е, блага критика за грешките на препотентните „народоусреќители“ од власта…

Хаосот со намерното создавање стотици електронски гранап-медиуми („поздрави и честитки за нашите слушатели“) и постепеното, ама ефикасно, уништување на печатените медиуми со нелојална конкуренција при рекламирањето на владејачката партија и на државните институции (потпомогнато и од его-триповите на дел од сопствениците на печатените медиуми, кои, за разлика од ситуацијата во другите балкански држави, не снаоѓајќи се во новите услови, всушност, со основна идеја-водилка да станат „калиф наместо калифот“, инаетчиски, самите ја долносуваа цената на своите медиуми), го трасираше патот кон актуелното безумие. Лека-полека, власта ја префрли острицата на ударот од новинарите врз сопствениците на медиумите. А најголемиот дел од нив, пак, заталкани во медиумскиот бизнис, од страв, под брутален рекет, или заради полнење на чекмеџето, иако главно, алваџиско-бозаџиски настроени кон политиката и новинарството, сепак, успеваа да изнајдат доволен број теледиригирани уредници што беспоговорно ги исполнуваа наредбите од Централата (Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, или во последните години, стриктно членовите на Фамилијата…), и ги сосекуваа во корен сè поретките и сè поиздишени обиди на новинарите да се занимаваат со сопствената професија и да си ги бранат достоинството и честа. Така, медиумската поплава наместо со квантитетот да издиференцира квалитет, на површина исфрли многу реа и ѓубре…

Пред очите на вџашената или помирената со судбината македонска јавност, во новинарството изникнаа едно чудо натрапници и „петтоколонаши“ – шиткачи на професијата, се накотија, неграмотници, маргиналци, хејтери, празни личности што сите свои фрустрации (дијагнози?) од промашените животи ги блујат директно во етерот, сеејќи омраза кон инакумислечките и загадувајќи ја медиумската сфера, моделирајќи виртуелна реалност низ приземна и проѕирна пропаганда, чии илјадници лаги, за жал, со десетгодишното повторување како мантра – за најуспешната власт што гради и „остварува“, за светските заговори против „библиската земја“ и за домашните предавници и шпиони на странските служби, станаа вистина за добар дел од недоволно информираната популација. Особено за руралната, како и за повозрасните категории граѓан(к)и, поткупени или со субвенции или со бенефиции (со кои се уште позапустени селата и земјоделството и се задолжени неколку генерации внуци и паравнуци)… И, што е уште пострашно, лагите станаа и еден вид блиндирано стаклено ѕвоно за стотиците илјади буџетари (сеедно дали се натискани во канцелариите со партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ или на ДУИ – за сателитските „пајтон-партии“ и дума да не се арчи – според мотото, кое од „клати врата – примај плата“, прерасна во тепачка за столче кај оние што и одат на работа или во „седи си дома – примај плата“ за правична застапеност, ама не на меѓунационален, туку на коалициски план), или се само „обични“ луѓе, кои и биле професионалци, но веќе цела декада, згрчени од страв за егзистенцијата, молчат и трпат…

10928989_707104132741392_4410217739010241663_n

Властите брутално ги егзекутираа традиционалните продемократски медиуми во Македонија, и новинарството одамна ни е на умирачка. Живурка како-така, низ новите медиуми, на социјалните мрежи, преку вресокот на граѓанските новинари, активистите, борците за слобода… Но, и тој простор, како претходно, со окупацијата на медиумскиот простор на локално ниво со мрежата општински или регионални телевизии под чадорот на ВМРО-ДПМНЕ, се инфицира со стотици ѓоа-портали со непознати сопственици и извори на приходи, чија основна намена е ширење лаги и сеење омраза.

Се додека во Македонија во медиумите се молчи за 80 мртви бебиња и 40 мртви пациенти во психијатриска болница, а се објавуваат вести за свечено сечење лента на пешачки премин од в.д. премиерот, едноставно, нема шанси за реанимација на медиумската сцена… За жал, со вакви медиуми, навистина слободни и фер избори во Македонија, едноставно, не се можни во догледен период…

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избориМедиумиМРТВПубликацијаСиниша СтанковиќЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ