• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Медиумско слепило, Камчев, руска нуклеарна закана, зелено-патриотски игри, избори и уставни измени

July 24, 2023

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Медиумско слепило, Камчев, руска нуклеарна закана, зелено-патриотски игри, избори и уставни измени

Краток (и нецелосен) избор од извонредните прилози на Авторките и Авторите во медиумската платформа на ЦИВИЛ

July 24, 2023 17:29
in ЕДИТОРИЈАЛ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Костовски, во анализата за ЦИВИЛ Медиа, добро забележа дека големата вест за „поцрнувањето“ на Камчев во голем дел од македонските медиуми остана, практично, невидлива. Медиумското слепило за главните протагонисти на криминалниот режим на Груевски продолжува.

Споменатата анализа е дотолку поинтересна што во неа се објавуваат податоци за растежот на бизнис империјата на Камчев во Русија. Вредно е да се прочита и запомни, бидејќи нови сознанија за бизнис релациите меѓу македонските моќници и руската федерација допрва ќе се дознаваат. Можеби и тогаш многумина во македонските медиуми ќе се најдат засегнати или ќе останат само „слепи-глуви-неми“ (сеедно).

И додека трае медиумското слепило за последиците од режимот, исто (или барем слично) слепило може да се забележи и за светската тема број еден: руската агресија против Украина. Денеска, со уште еден тревожен аспект: расте опасноста од катастрофа со која руските агресори ѝ се закануваат на Украина и Европа. Нуклеарната уцена со катастрофа на АЕЦ Запорижја станува сè поголема, особено по почетокот на украинската контраофанзива за ослободување од руска окупација. Ми беше посебно задоволство да ја прочитам и објавам опсежната анализа за ЦИВИЛ Медиа на Одбранбениот аташе на Украина, Кацуба.

Нашиот тим досега објави илјадници медиумски прилози за руската агресија. Прокремљовската пропаганда за сето време вложува огромни напори да ја дискредитира нашата работа. Но овде се работи за уште еден (од многуте), исклучително важен прилог, дури и за оние што со сите сили се трудат да ја игнорираат руската брутална агресија. Еве им прилика да се замислат, бидејќи рускиот агресор не ја нападна само Украина, туку и Европа и целиот свет.

Колешката Јордановска објави нов прилог поврзан со изборните реформи, со посебно интересен наслов, „Бремето на изборните реформи: Пат кон демократски избори или блокади во Собранието“. Мислете си вие само на избори, но некој мора и да ги подготви и спроведе. Во текстот може да се најдат дел од деталите за тоа, нешто што е вградено во искуството и знаењето на ЦИВИЛ. Интересен е и изборот за насловна фотографија на овој прилог, кој доаѓа од серија тематски настани на ЦИВИЛ: Какви избори, таква иднина!“

„Одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласа уставните промени, не е ниту чин на патриотизам. Тоа е едноставно чин на немање историска одговорност и признавање на сопствената компромитираност и неспособност“, напиша Маневски во својата најнова колумна која го носи насловот на најпознатиот наслов на Ерика Јонг, „Страв од летање“.

Гледам дека коментарот на колегата Муратов „Од Иловица до Солуна“ возбуди многу „зелено-патриотски“ духови. И треба. Од тоа што го видов и го прочитав за овој „зелен“ настан, се инспирирав да се навратам на историјата за Blut und Boden (земја и почва), но за тоа повеќе во првата наредна прилика. Не е наивно, ни оддалеку.

А што се однесува до жестоките коментари за нас на социјалните мрежи, што може да се каже освен дека ЦИВИЛ е организација што никогаш не ги напуштила и нема да ги напушти граѓанките и граѓаните. Без оглед на ужасните и гнасните секојдневни закани, лаги и говор на омраза против организацијата и нејзините претставници. Колку повеќе креваат врева, толку повеќе откриваат дека сме на добар пат.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: говор на омразатаЗапорижјамедиумско слепилонационализамруска агресијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ