Дисциплинската комисија на државната информативна агенција (МИА) го суспендираше Цветин Чилиманов од работното место.
Чилиманов има рок од три дена да се изјасни во врска со суспензијата, за потоа, откако ќе ги сослуша неговите аргументи, комисијата ќе достави предлог до директорот на МИА, кој треба да реши дали Чилиманов ќе добие отказ од работното место, ќе биде казнет, или нема да сноси последици.
Пред два дена, Чилиманов на „Твитер“ цитираше статус на дописничката на „Фајненшл Тајмс“, Валери Хопкинс, и порача: „До сите таксисти што ме следат, ако ви влезе оваа во кола, време е за чичко Кумплунг“.
„Кумплунг“ е еден од главните ликови од македонскиот филм „Самоуништување“, каде главниот лик, таксист кој го глуми актерот Јовица Михајловски, ја силува девојката на неговиот син!
По повод заканата и повикот за силување на новинарката, реагираа и ОБСЕ и американскиот амбасадор во Македонија.