• Latest

Мијалков е првиот политичар кој ќе ја напушти Македонија!

August 7, 2017

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мијалков е првиот политичар кој ќе ја напушти Македонија!

August 7, 2017 11:29
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сашо Мијалков е првиот следен политичар/функционер поврзан со случаите на СЈО, кој ќе избега од Македонија, се изјаснија мнозинството од анкетираните граѓан(к)и на онлајн анкетата на ЦИВИЛ.  Анкетираните сметаат дека по Мијалков, куферите ќе ги пакуваат по ред: Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер и Гордана Јанкуловска, а експремиерот Никола Груевски е на петтото место. 

 

Ова се резултатите од онлајн анкетата на ЦИВИЛ Медиа, каде граѓанките и граѓаните одговараа на прашањето „Кој/а политичар/ка или функционер/ка поврзан/а со случаите на Специјалното јавно обвинителство, следен ќе избега од Македонија?“.

На акетата одговориле вкупно 228 граѓан(к)и, од кои 64 (28%) сметаат дека првиот следен политичар/функционер поврзан со случаите на СЈО (по бегството на Грујевски и Бошковски од УБК) ќе избега Мијалков, 35 граѓани (15%) го предвидоа бегството на Миле Јанакиевски, 34 (15%) – на Мартин Протуѓер, 29 (13%) – на Гордана Јанкуловска и 24 (11%) – на Никола Груевски.

Владимир Талески и Елизабета Канчевска Милевска го делат шестото место со по 13 гласови, односно со по 6% од анкетираните.

Само тројца од граѓан(к)ите (1%) сметаат дека Тони Трајковски ќе ја напушти државата.

Ниту еден од анкетираните не верува дека Илија Димовски ќе избега од Македонија!

Во графата „останато“, од анкетираните граѓан(к)и како можни бегалци од правдата беа предложени Владимир Пешевски, Кирил Божиновски и Зоран Заев.

1% од анкетираните одговориле дека сите ќе ја напуштат државата.

Анкетата на ЦИВИЛ Медиа произлезе од актуелната потрага по недостапните Горан Грујовски и Никола Бошковски кои наместо во притвор, се најдоа на меѓународна потерница на Интерпол. Претходно, во бегство беше и бизнисменот Сеад Кочан.

ЦИВИЛ Медиа спроведе и видео анкета со истото прашање, на кое граѓаните имаа најразлични одговори за тоа кој следен политичар/функционер ќе ја напушти државата.

Tags: бегствоГруевскиЈанакиескиЈанкуловскаКанчевска-МилевскаМијалковонлајн анкетаПротуѓерСЈОТалескиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ