• Latest
Христијан Мицкоски (фото извор: скриншот од видео на МИА)

Мицкоски: Ако имате корумпирани судии во Врховниот суд, можете да замислите што се случува надолу, сè додека имаме тефтерчиња и не се распуштат овие луѓе, нема да имаме правна држава

August 16, 2024
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Мицкоски: Ако имате корумпирани судии во Врховниот суд, можете да замислите што се случува надолу, сè додека имаме тефтерчиња и не се распуштат овие луѓе, нема да имаме правна држава

August 16, 2024 16:56
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Христијан Мицкоски (фото извор: скриншот од видео на МИА)

Христијан Мицкоски (фото извор: скриншот од видео на МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Одговорајќи на новинарско прашање дали е задоволен од изречените казни за Иџет Мемети и Наќе Георгиев после спогодбата со Обвинителството, премиерот Мицкоски ја искористи можноста да ја промовира својата идеја за распуштање на судскиот и обвинителскиот совет, а секако и да ја пофали работата на својот пријател, министерот за внатрешни работи, Тошковски. Притоа, „тефтерчињата“ во судството им го припиша и на „едно минато“ и на власта на СДСМ и ДУИ.

Мицкоски потенцираше дека е задоволен што во техничката влада МВР спровело акција, која покажала дека има корумпирани судии во највисокото тело – во Врховниот суд, објави државната новинска агенција МИА.

„Прво, сакам да изразам задоволство што во техничката влада МВР спроведе перфектна акција кога за првпат на дело покажа дека имаме корумпирани судии во највисокото тело, тоа е Врховниот суд. Ако вие имате корумпирани судии коишто се во највисокото тело, а тоа е Врховниот суд, тогаш можете да замислите што се случува надолу. Понатаму, во истрагата се потврди дека не бил сам врховниот судија, туку и лицето за кое што исто така постои спогодба со Обвинителството, а тоа е Иџет Мемети како претседател на Советот на јавни обвинители. Јасна е спрегата меѓу судско-обвинителскиот систем кај нас. Затоа довербата е два проценти. Затоа што едни тефтерчиња од едно минато се заменија со други тефтерчиња, само овие се од Струмица, од „Бихаќка“ и од Речица. Сè додека имаме тефтерчиња и сè додека не се распуштат овие луѓе, нема да имаме правна држава“, изјави Мицкоски, по посетата на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, пренесе МИА.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера склучи спогодба со осомничениот судија во Врховен суд, Наќе Георгиев, за кој постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Георгиев прифатил да му биде изречена казна затвор од три години, и забрана за вршење на професија.

Претходно, и членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети се спогодил со Обвинителството. Признал дека примил награда за противзаконито влијание, во случајот во кој првоосомничен е врховниот судија Наќе Георгиев. По спогодбата, Мемети е осуден на условна казна и доби забрана за вршење на дејност во рок од три години.

Осомничени за примање награда за противзаконито влијание, на Мемети му се закануваше казна затвор од една до пет години, а на Георгиев од една до десет години.

Извор: МИА

Tags: Иџет МеметиМицкоскиНаќе Георгиевсудствотефтерчиња
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ