• Latest

Мицкоски: Нема да влеземе во наивни процеси со Европската Унија ако немаме гаранции

September 11, 2024

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Нема да влеземе во наивни процеси со Европската Унија ако немаме гаранции

September 11, 2024 09:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски зборувајќи за уставните измени апелираше да се престане со билатерализација на евроинтегративниот процес. Мицкоски вечерва во телевизиско интервју рече дека не станува збор дали граѓаните или политичарите имаат воља за уставни измени туку дали во Брисел има воља да се реши ова прашање.

-Не станува збор тука за воља… Граѓаните, политичките партии многу пати покажаа воља, прашањето е дали во Брисел има воља да се реши овој проблем, затоа што ако има воља во Брисел има и начин. Евроинтегративниот процес е двонасочна улица. Евроинтегративниот процес не е само танц на еден, не е ова соло танц, ние мораме да имаме двонасочна улица, мора да имаме танц во којшто играат двајца. Вистинската адреса е попатна Софија, а директна Брисел. Треба да знаеме што е тоа што тие го планираат со Македонија. Ние имаме целосно изедначена надворешна политика со ЕУ, безбедносна политика, континуирано ги следиме процесите кои ги води ЕИ, но за жал изминативе две и пол децении изобилува со многу предизвици и тие предизвици се вештачки. Секогаш тие предизвици удираа и задираат на македонскиот идентитет, сите тие и многу пати македонскиот идентитет во минатото е начнат. Се правени отстапки на сметка на македонскиот идентитет. И во таа насока, јас апелирам да се престане со билатерализација на евроинтегративниот процес, рече Мицкоски во интервју на телевизија АЛСАТ – М.

За жал, додаде тој, некои од земјите – членки се обидуваат што повеќе билатерални проблеми да внесат во евроинтегративниот процес. Некој треба да излезе и да ја објасни суштината на преговорите, вели Мицкоски, посочувајќи дека тие се за дa се зголемат и да се подобрат капацитетите на институциите.

-И сега ние зборуваме како да ги подобриме капацитетите на институциите кај нас, а решаваме прашања од средниот век од 11-от и 12-от век рече премиерот.

Потврди дека на 19 септември ќе отпатува на состанок во Брисел и дека таму ќе биде соопштен владиниот предлог за кој веќе јавно се зборува. Мицкоски вели дека тие нема да влезат наивно во какви било процеси и отстапки, без притоа да има јасен план и гаранција.

– А тој јасен план и јасна гаранција мора да бидат потврда која што ќе се темели на јасна порака и на јасни постигнувања. Не можеме веќе да влегуваме во процеси без да имаме предвидлива завршница и затоа ние сме конструктивен партнер во процесот и велиме ајде заедно да седнеме со владата во Софија и да разговараме и да видиме имаме ние предлог. Тој предлог ние јасно го зборуваме, тој предлог не е од сега. Логичен е предлогот за одложена примена, да ги завршиме преговорите, па да видиме тогаш што ќе правиме, како ќе правиме, да видиме што со пресудите од Стразбур за македонската заедница од Бугарија, да видиме што конечно со идентитетот македонски и јазикот итн., затоа што ако ги погледате поглавјата 34 и 35 ги нема… Имаме многу прашања за кои треба да се дискутира. Ние сме подготвени, сакаме да дискутираме и да најдеме решение, вели премиерот.

Во интервјуто премиерот зборуваше и за десетте постулати со кои повика на заедништво и сплотеност истакнувајќи дека мнозинството граѓани сакаат подобар живот, повисоки плати, ред, а не етнички теми и тензии со кои СДСМ и ДУИ прават де фокус обидувајќи се да го заштитат криминалот.

Премиерот Мицкоски нагласи дека најголемиот дел од граѓаните, две третини не сакаат етнички конфликти и тензија, туку сакаат подобар живот, повеќе пари, повисоки плати, повисок стандард и ред, и тоа е дел од овие десет столбови.

-Има политичари и политички структури кои во отсуство на ваква понуда или немање желба да се признае  што направи оваа влада во изминативе два месеци се обидуваат да направат де фокус со етнички теми, мислејќи дека на тој начин ќе мобилизираат поголема маса, за да може да го заштитат криминално стекнатиот имот, посочи Мицкоски. /МИА

Tags: БугаријаЕУМицкоскиПреговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ