• Latest

Мицкоски обвинува дека директори на училишта ги игнорираат заканите за бомби

March 3, 2023

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Мицкоски обвинува дека директори на училишта ги игнорираат заканите за бомби

March 3, 2023 16:27
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

При посетата на општина Гази Баба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во однос на континуитетот на закани за бомби по училиштата, истакна дека добил информација дека директорите на скопските училишта добиле насоки од МВР да ја игнорираат електронската пошта.

„Јас денеска добив уште една уште пошокантна информација, не знам колку е точна, треба да се провери, со неколку директори во училиштата во Скопје и во основните и во средните, дека биле посетувани, повторно поставувам како дилема, биле посетувани од страна на припадници на министерството за внатрешни работи и биле советувани да ги игнорираат дојавите кои што стигнуваат на службените емаил адреси, односно на електронска пошта, да ги игнорираат како тоа да не се случува, па дури и некој биле советувани и воопшто да не ја отвораат електронската пошта.“, рече Мицкоски.

Мицковски го повика претседателот Пендаровски да постапува, односно да свикува совет за безбедност.

„Со други зборови претседателот молчи, кога треба да е најгласен наместо сега кога сме цел на еве според нив хибриден напад да го свика советот за безбедност тој молчи, тактизира, не добива насока од неговиот стопан, никаде го нема, ќе го слушните тука таму со по некоја егзибионистичка изјава, никаде го нема, МВР ако ова е точно аматерски се однесува, односно наместо да спречи и да превенира, тие дополнително ја загрозуваат безбедноста на учениците, а МОН јас немам што повеќе да додадам за тој министер таму кога измина годината се уште нема учебници, станува збор за епска неспособност и епски најнеспособниот министер што за жал поради определени коалициски гимнастики се уште е министер за образование“, вели Мицкоски.

ЦИВИЛ Медиа се обрати со прашање до МВР за овие обвинувања на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, но до моментот на објавата на веста, не добивме одговор.

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека денеска ќе има средба со министрите за внатрешни работи и за образование и наука за да се разгледаат дополнителни мерки за справување со лажните дојави за поставени бомби во училиштата и рече дека се уште не сме ја загубиле оваа  сибер-војна. Единствена цел на овие хибридни напади, како што рече, е внесување немир во земја членка на НАТО и додаде дека обврска на МВР е да ја гарантира и да ја обезбеди безбедноста на граѓаните.

Од првата дојава за бомба на 26 октомври досега стигнале закани на преку 1.000 различни локации. Први на удар беа училиштата во Скопје. Подоцна заканите за бомби се проширија и на училишта во други градови низ земјата. Како што поминуваше времето, дојави за бомби беа пријавувани на најразлични места, од трговски центри, деловни објекти, железничка станица, полициска станица, до станбени објекти и државни институции.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека станува збор за хибридни закани кои се случуваат и во други земји од источниот дел на Европа и пошироко. Според нив, иако досега сите пријави се утврдени како лажни, целта е да се создаде чувство на несигурност и страв, па според тоа овие постапки се квалификуваат како кривично дело „тероризам“.

Н. Абдурахмани

Tags: ВМРО-ДПМНЕХристијан Мицковски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ