• Latest

Ковачевски: Со МВР и МОН ќе разговараме за дополнителни мерки за целосно справување со заканите за бомби

March 3, 2023

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Ковачевски: Со МВР и МОН ќе разговараме за дополнителни мерки за целосно справување со заканите за бомби

March 3, 2023 12:44
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека денеска ќе има средба со министрите за внатрешни работи и за образование и наука за да се разгледаат дополнителни мерки за справување со лажните дојави за поставени бомби во училиштата и рече дека се уште не сме ја загубиле оваа  ибер-војна.

-Ние како систем не сме ја загубиле оваа сајбер-војна и нема да ја загубиме. Оваа сајбер-војна и овие хибридни напади се дел од војната што се води во Украина и тоа веќе на сите ни е јасно, бидејќи не се случува само кај нас, туку и кај голем број држави членки на НАТО. Министерот за внатрешни работи вчера сподели одредени информации за менување одредени протоколи што ги спроведува МВР. Денеска ќе имаме состанок со раководствата на министерствата за внатрешни работи и за образование, на кој ќе разговараме во однос на носење дополнителни мерки и за целосно неутрализирање на овој проблем со кој се соочува Северна Македонија, но и други држави, со цел да овозможиме редовна и непречена настава за учениците, изјави Ковачевски по посетата на градинка во изградба во населба Пролет, Општина Центар.

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека денеска ќе има средба со министрите за внатрешни работи и за образование и наука за да се разгледаат дополнителни мерки за справување со лажните доја

Единствена цел на овие хибридни напади, како што рече, е внесување немир во земја членка на НАТО и додаде дека обврска на МВР е да ја гарантира и да ја обезбеди безбедноста на граѓаните.

-Согласно со процедурите, прописите и протоколите за борба против тероризам, бидејќи се работи за дојави за бомби, тие мора да спроведуваат процедури пропишани согласно закон, како и во сите други држави. За да се спречи напуштање на училиштата, МВР и МОН секојдневно работат со цел да се изнајде начин како да се спроведат процедури кои ќе обезбедат сигурност дека се работи за лажна дојава на бомба, а децата да можат да посетуваат настава. И јас сум родител и се соочувам со истите проблеми во однос на школувањето на децата. Не е нешто за што не знам што се случува, меѓутоа мора да верувате дека и МВР и МОН работат на решавање на овој проблем, рече премиерот.

Во врска со учебниците, одговори дека имало доцнење, но се испорачани, а повлечени се учебници  неквалитетно напишани и неквалитетно рецензирани.

-МОН веднаш пристапи кон повлекување на тие учебници, нивна корекција, а за да се коригира учебник повторно мора да се помине процедурата – авторот да направи промена, рецензија, комисија… Тој процес е во тек и сметам дека идната учебна година ќе биде во најдобар ред. Ги повикувам сите професори, академски граѓани, кои се дел од пишувањето книги, да се пријавуваат во поголем број за пишување книги за основно и средно образование, бидејќи и бројот и квалитетот на пишувачи на книги, на експерти, исто така го подобрува и забрзува процесот на пишување, одобрување и издавање на книгите, додаде Ковачевски.

Tags: Закани за бомбиКовачевскиМВРМОН
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ