• Latest
Фото: МИА

Мицотакис: Пријателите во Северна Македонија да сфатат дека заврши предизборниот период и да го почитуваат договорот, доколку сè уште ги интересира ЕУ

May 22, 2024

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицотакис: Пријателите во Северна Македонија да сфатат дека заврши предизборниот период и да го почитуваат договорот, доколку сè уште ги интересира ЕУ

May 22, 2024 10:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Мислам дека нашите пријатели во Северна Македонија треба да сфатат дека заврши предизборниот период, дојдено е време веќе да станат сериозни, да го почитуваат меѓународниот договор, доколку ги интересира да останат на европскиот пат, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис говорејќи за телевизијата „Опен“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во утринското интервју, грчкиот премиер детално говореше за сите актуелни теми во Грција, со оглед на тоа што земјата е во предизборен период во пресрет на европските избори на 9 јуни, а се осврна и на Договорот од Преспа, на односите со нашата земја, на ЕУ перспективата, но и на трите меморандуми што не се ратификувани во Парламентот.

-Кога имаме прашања, како на пример со нашите северни соседи, ги решаваме со сериозност, јасно поставувајќи црвени линии, разјаснувајќи дека Договорот од Преспа треба да се почитува, иако не се согласувавме со многу негови аспекти и дека во прашањето за името ние во никој случај нема да отстапиме. Името на земјата е „Северна Македонија“ и сè додека некои продолжуваат да ја именуваат „Република Македонија“ да знаете дека ќе бидеме наспроти нив, рече Мицотакис.

Посочи дека прашањата во Договорот што се однесуваат на името не се менуваат, но дека „постои можност за разговараме за иднината на договорот“ и истакна дека она што тие можат да го сторат е да извршат „голем притисок врз Скопје и врз власта да сфатат дека оваа политика на крајот ќе ги одведе во меѓународна изолација и мислам дека не го сакаат тоа“.

Говореше за можноста да се извршат и големи меѓународни притисоци, споменувајќи ги реакциите веднаш по инаугурацијата на претседателката, за кои рече дека биле резултат на грчките интервенции, потенцирајќи дека во овој момент Грција не е сама.

-Грција во овој момент не е изолирана, Скопје е изолирано. И мислам дека на крај ќе сфатат дека оваа политика е безизлезна и верувам дека ќе се прилагодат на притисоците што ќе им бидат извршени и мислам дека е добро тоа, бидејќи ние сакаме добри односи со нашиот северен сосед, вчера бев во Лерин, соседна земја е, ние инвестираме во Северна Македонија, истакна Мицотакис за „Опен“, пренесе МИА.

За меморандумите што сè уште не се ратификувани уште еднаш го повтори ставот дека „на Грција ѝ се потребни додатни преговарачки оружја“, а токму трите протоколи, според Мицотакис, ја засилуваат грчката позиција и се дипломатско оружје.

За ставот на СИРИЗА дека со ратификацијата, позицијата на Грција би станала посилна, Мицотакис рече дека токму спротивното би се случило, бидејќи со тоа Скопје би добило аргумент „да продолжи да го прави истото“.

Tags: Грцијапреспански договорСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ