• Latest

Мицева: Македонија не може да се пофали со слободни медиуми

January 29, 2018

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мицева: Македонија не може да се пофали со слободни медиуми

January 29, 2018 12:53
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сузана Мицева, новинарка на телевизија ВИС од Струмица, во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за слободата на изразување, медиумските слободи, притисоците кои се секојневие за новинарите и начинот на којшто таа се справува со нив.

ЦИВИЛ Медиа: Што за вас претставуваат слободата на изразување и медиумските слободи?

Мицева: За мене слободата на изразување претставува едно од основните човекови права. Луѓето да имаат комплетна слобода да ги искажат своите ставови, особено за многу важни прашања во општеството и истите тие ставови да можат да бидат пренесени во медиумите, особено кога станува збор за прашања коишто се од цивилизациски значења. Во 21 век, сметам дека во Македонија, ние се уште се соочуваме со огромен број на проблеми по сите овие прашања, особено заради тоа што сме сведоци дека во медиумите долги години се создаваше еден антагонизам. Самите медиуми беа тие коишто ја наметнуваа цензурата на говор и за многу важни проблеми не се зборуваше. Што од уредувачка политика, што од центри на моќ, а и заради тоа што голем дел од стереотипите ги поддржуваа и можеби ги ширеа токму влијателни медиумски центри.

ЦИВИЛ Медиа: Дали досега сте се соочувале со политички и бизнис центри на моќ и како сте се справувале со истите?

Мицева: Јас во новинарството сум 12 години и буквално функционирам со притисоците коишто станаа секојдневие, станаа практика на моќниците, особено на локалните моќници. Бидејќи ние како телевизија Вис функционираме на еден регион којшто опфаќа околу 200.000 гледачи, постојано се јавуваат најразлични луѓе коишто сметаат дека имаат одредено влијание, одредена моќ да спречат објавување на одредени приказни, без разлика колку и тие да се бенигни и да не се поврзани со нивното работење, колку и да немаат допирна точка со нивната функција, тие чувствуваат слобода, па дури и одредена моќ да се јават и да се обидат да го спречат објавувањето на одредени приказни.

Тоа понекогаш се и човечки стории, каде што се прекршени човековите права, каде што се обесправени некои граѓани на нивните работни места. Кога станува збор за приказна каде што имаме злоупотреба на функционери, или пак злоупотреба на јавните средства, парите на граѓаните, од некои јавни институции, тоа се канонада од притисоци коишто буквално може да стигнат и од луѓе од вашето секојдневие бидејќи ние сме мали средини и со сите се знаеме.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин придонесувате или можете да придонесете во борбата за слободни медиуми?

Мицева: Многу е тешко, меѓутоа ние се трудиме, особено со приказните каде што станува збор за кршење на правата на луѓето, на нашите сограѓани, приказни каде што сме откриле корупција кај локални политичари или бизнисмени, се трудиме секогаш тие приказни да излезат и тука нема компромис. Верувајте, се бориме со сите средства што ги имаме. Кога се подготвува некоја приказна, која се работи со денови, недели, некогаш и месеци, многу е тешко да ја сочувате информацијата, бидејќи се јавувате кај луѓе од коишто барате информации, а тие се блиски токму со оние коишто се засегнати во приказната и многу често уште пред да биде пуштена приказната во етер знаат да се јават и да вршат притисок. Се обидуваме барем на одредени луѓе за коишто сметаме дека може да ни помогнат во приказните да им објасниме колку е ова значајно, дека треба да бидат соработници во објавувањето на некои вистини, на некои приказни коишто ги компромитираат политичарите и бизнисмените.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во контекст на подобрување на состојбите со медиумските слободи и слободата на изразување?

Мицева: Кога имаме медиуми во Македонија, еве последниве неколку месеци згаснаа неколку регионални и локални медиуми од коишто и една од најстарите локални телевизии во Струмица, јас навистина не знам кои би биле препораките, бидејќи медиумите во Македонија се на раб на егзистенција. Тие се зависни од бизнис секторот така што навистина треба да се работи на една независност на медиумите. Можеби тоа е еден општествен проблем. Мислам дека треба поголема свест кај компаниите за помагање на медиумите, да знаат дека постоењето на медиумите е гаранција за развој и унапредување на човековите слободи, бидејќи ќе се сврти тркалото, кога-тогаш, и тие ќе бидат обесправени, дали од други бизнис центри, или пак од други институции и политички моќници, така што сметам дека градењето на свеста за важноста на медиумите е еден од клучните фактори.

Како второ сметам дека можеби е потребно окрупнување на медиумите, поголема соработка, не можеби да бидат како центри, но некаква соработка. На пример, ние сме имале ситуации кога сме сметале дека некоја тема е премногу крупна за нас самите како регионален медиум кој работи со ограничен број на човечки и материјални ресурси, сме барале соработка со други истражувачки центри за да можеме одредена приказна да ја објавиме и таа да стигне до аудиториумот.

Моите препораки нека бидат во таа насока, иако сметам дека Македонија не може да се пофали со слободни медиуми, ниту со некоја голема слобода на изразување.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Биљана Јордановска


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: Медиумимедиумски слободислобода на изразувањеСузана МицеваТВ Висцензура
Share27TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ