Во интервју за ЦИВИЛ Медиа, социологот Славе Младеновски, зборува за улогата, причината и целта на анкетите од социолошки аспект. Тој изрази загриженост за тоа дека во минатото свесно или диригирано се нарачуваа анкети за манипулирање на јавноста.
Додава дека треба да се земат во предвид причините, процесите и факторите како се доаѓа до одреден процент, бидејќи добиениот процент не значи ништо сам по себе доколку не се стави во одреден социолошки контекст и појавата да се објасни од социолошки аспект…
Тој зборува и за тоа како може да се добијат погрешни податоци доколку не е прецизирано прашањето.
Тој нагласи дека за разлика од ИРИ, во НДИ има прашање за медиумите и дезинформациите, односно на кој начин се (дез)информираат граѓаните и дали дезинформациите може да влијаат на резултатот на парламентарните избори. Од одговорот на овие анкети може да се заклучи дека пораката што ја пренесуваат медиумите и политичарите е – лажете. Бидејќи државата нема механизам да се справи со тие што шират лаги и дезинформации.
Тој заклучува дека анкетите се потребни за едно демократско општество за да се види расположението на граѓаните и според тоа да се прават планови и да се носат исправни одлуки и политики.
Дехран Муратов
камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети