• Latest

Младите најподложни на насилниот екстремизам

December 1, 2018
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Младите најподложни на насилниот екстремизам

December 1, 2018 15:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Серијата потпишувања на Меморандуми за соработка и партнерство во борба против насилниот екстремизам ЦИВИЛ ја започна со Министерството за внатрешни работи, а ја продолжи на локално ниво.

Прв градоначалник во име на својата општина што го потпиша Меморандумот за соработка во борба против насилниот екстремизам беше Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Димитриевски изјави дека Куманово не е имуно на оваа глобална појава, со оглед дека се работи мултикултурна и мултиетничка средина. Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ објасни дека соработката со општината ќе овозможи поквалитетен пристап на сите засегнати страни во во доменот на превенцијата од насилниот екстремизам.

„Насилството не води до никаков резултат. Единствено дијалогот е вистинската форма пронаоѓање на сите решенија во евентуални проблеми. Општина Куманово во наредниот период ќе се обиде во рамки на своите законски можности заедно со сите институции на локално и централно ниво во превенција на насилниот екстремизам. Ние до сега тоа успешно го работевме, но не сме имуни на националниот екстремизам… Наша обврска како општина е да дадеме еднакви можности за сите, но притоа да се грижиме некој да не ги користи нашите граѓани за дополнителни создавања и генерирање на конфликти“, изјави Димитриевски по потпишувањето на Меморандумот.

Тој истакна дека она на што ниту една општина не е имуна е и верскиот екстремизам што не еднаш придонел кон одвлекување на граѓаните на странски боишта, претежно на Блискиот исток. Исто така, Димитриевски истакна дека спортските арени не треба да бидат место за насилство, туку за постигнување на врвни резултати.

„Екстремизмот што ни се јавува во општеството треба да биде искоренет уште на самиот почеток.  Зачетоците се токму во воспитно –образовниот систем“, рече Димитриевски упатувајќи апел до професорите и наставниците да разговараат на оваа тема и активно да се вклучат во борбата против екстремизмот првенствено, пред да стане збор за насилен екстремизам.

Дерала, пак, по потпишувањето на Меморандумот, на присутните учесници, што беа поканети да учествуваат на работната средба „Заедниците против насилниот екстремизам“ им порача дека со формирање на работна група ќе може заеднички преку еден мултидисциплинарен пристап да се работи во спречување на насилниот екстремизам.

„Пред повикот 192 има еден долг, комплициран на моменти, мултидисциплинарен процес во кој ние треба да дејствуваме согласно нашите капацитети, секој од својата позиција. Битно е да сфатиме дека за секој од нас, во улога на родител, просветен работник, претставник на невладина организација…, безбедносната култура налага да се имаат в предвид улогите на секој поединец и на секоја заедница во справување со прашањата поврзани со насилниот екстремизам“, изјави Дерала.

На работната средба учествуваа претставници на локалната власт, училиштата, полицијата, граѓанскиот сектор и претставници на институции што работат на оваа проблематика.

Низ дискусијата се мапираа изворите на првичните зачетоци на насилниот екстремизам. Учесниците заклучија дека фокусот треба да биде насочен кон младите и дека најголем ризик за развој на екстремизмот кај нив е на возраст од 14 до 17 години. Исто така, произлезе ставот дека околностите во образовниот систем не им дозволува многу време на наставниците и професорите да се посветат на улогата воспитувачи, затоа што одвај имаат време да бидат едукатори. Најголемата вина во развојот на насилството првенствено меѓу младите е кај родителите, сметаа претставниците на училиштата.

Еден од предлозите на согледување на оваа проблематика беше улогата на наставниот кадар да го изолира детето до влијанието на родителите и со негови очи да се соочи со проблемот.

Исто така, се предложи вклучување и на социјалните работници, подеднакво како и на полицијата во која младите треба да стекнат доверба, а не одбивност.

На крајот од работната средба се формираше работна група која ќе работи на организирање јавен настан во Куманово за промовирање на потребата од превенција и борба против насилниот екстремизам преку мултидисциплинарни активности.

Настаните се во рамки на проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ кој е поддржан од Американската амбасада во Скопје.

Биљана Јордановска

 

Tags: КумановоМаксим Димитриевскимеморандумнасилен екстремизамработна средбаЦивилЏабир Дерала
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ