Државната изборна комисија и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива денеска ќе потпишат Меморандум за соработка во согласност со европското законодавство, Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, домашната регулатива и интерните акти.
Основен приоритет на двете страни е преку реализација на целите од овој Меморандум да придонесат кон зголемување на поддршката на граѓаните со попреченост во сите сегменти и фази на изборниот процес, остварување на нивните гласачки права, унапредување на работата на изборната администрација во создавање на услови за унапредување на инклузивноста за гласачите со попреченост и успешно спроведување на инклузивни избори.
Потпишувањето на Меморандумот ќе се одржи во просториите на Државната изборна комисија (голема сала, 4 кат) со почеток во 11 часот.
ЦМ